Видео: Земале ултра брзи камери и ја открила тајната за настанувањето на пуканката

Двајца млади научници најсериозно се позанимавале со метаморфозата на пченката во пуканка.Физичарите Емануел Виро и Александар Пономаренко го проучувале на само моментот на пукањето на зрното пченка, кое, како што установиле, се случува кога температурата ќе достигне 180 степени целзиусови, туку и го анализирале и феноменот на потскокнување на пуканките како и карактеристичниот звук кој таа го испушта.Целиот процес- пукањето, потскокнувањето и избивање на скробот се одигрува во стоти дел од секунда.Виро и Пономаренко детално ја следеле фазата на ова зачудувачко преобразување за да ја разберат неговата научна основа.Користејќи ултра брзи камери, кои снимаат 2.900 кадри во секунда, тие го набјудувале зрното во текот на загревањето.
Штом температурата преминала над 100 степени, влагата во зрното почнала да се претвора во пареа, а кога достигнала 180, притисокот во зрното бил 10 пати поголем од атмосферскиот притисок на ниво на море.Изложен на ваков стрес, зрното почнува да пука, а скробот се шири, избивајќи преку распуканата кора.

Научниците утврдиле дека на 170 степени само 34 проценти од зрната пукаат, додека на 180 степени дури 96 проценти од зрната се претвораат во пуканки.Потоа тие обрнале внимание на „танцот“ на пуканките или начинот на кој пуканката потскокнува во тенџерето.Тие утврдиле дека од зрното, во контакт со врелото дно на тенџерето, скробот избива нагло, и го праќа зрното неколку сантиметри во воздух.
Физичарите Емануел Виро и Александар Пономаренко го проучувале на само моментот на пукањето на зрното пченка, кое, како што установиле, се случува

Пронајдете не на следниве мрежи: