Видео+Фото: НОВИ ПРОТЕСТИ ВО БУТЕЛ: Загрижени граѓани тргнаа да го одбранат Крстот, Оливер дал наредба да се спречат!

Околу 18.30 часот од црквата Св.Јован Крстител во Бутел поголема група на загрижени граѓани спонтано се организираа и тргнаа во одбрана на Крстот во Бутел. Како што дознаваме, граѓаните биле незадоволни и изреволтирани од односот на Оливер Спасовски кој одбил да ги разбрка албанските екстремисти кои го узурпираат местото каде што беше поставен камен темелник за изградба на крстотОтсуството на одговорност кај техничкиот министер Оливер Спасовски кој вчера ја повлече полицијата и дозволи вандалите од толпата организрана од ДУИ да кршат, палат и закопуваат темели, предизвика револт кај локалното население на општина Бутел.
Денес, некаде околу 18.30 часот, група на граѓани спонтано организирани во црквата Св.Јован Крстител во Бутел, тргнаа да ја земат правдата во свои раце, бидејќи како што велат, тоа нема намера да го направи Спасовски.
Имено, денес градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски го повика техничкиот министер Оливер Спасовски, во најкус можен рок да ги избрка демонстрантите кои противправно го узурпираат јавниот простор, и предизвикуваат опасност по јавниот ред и мир!
Од екипата на терен дознаваме дека биле собрани околу 400 граѓани кои тргнале да ги отстранат узурпаторите од местото каде што протестираат, а на кое беа поставени темели за изградба на крст. Од теренската екипа на iNFOMAX.mk велат дека граѓаните биле револтирани, и дека тие самите ќе го ослободат местото узурпирано од демонстрантите на ДУИ бидејќи Оливер Спасовски нема намера да даде таква наредба. Како што велат, тие се чувствуваат небезбедни поради агресивноста на демонстрантите од ДУИ кои денес цел ден скандирале анти-македонски пароли, но и пуштале гласна музика која им го нарушила мирот.
Планираниот мирен протест сепак, беше нарушен од полицијата која добила наредба од Оливер Спасовски да ги сузбие граѓаните кои бараат правда со сите расположливи средства. Имено, полицијата употреби сила и без причина почна да тепа жители на Бутел кои беа собрани на мирен протест. На протестот, против 400 мирни граѓани, има околу 500 полицајци според слободна проценка, борбени и оклопни возила, водени топови, а полицијата е со полна опрема!

За разлика од вечерва, техничкиот министер вчера даде наредба целата полиција да биде повлечена, специјалците да чекаат оддалечени, и никој да не ги попречува демонстрантите од ДУИ.

Како што може да се види и на снимките полицијата која добива наредби од штабот на СДСМ, вчера ги остави и беше нем набљудувач на вандализмот на ДУИ додека тие кршеа огради, палеа дрвја и закопуваа темели.
Иако агресивни, албанските екстремисти вчера ги обезбедуваше само обична униформирана полиција, специјалците беа оддалечени, а кратко потоа беа оставени да прават што сакаат без никакво присуство на безбедносните сили.Отсуството на одговорност кај техничкиот министер Оливер Спасовски кој вчера ја повлече полицијата и дозволи вандалите од толпата организрана од ДУ

Пронајдете не на следниве мрежи: