Видео:Полицаец застрела демострант

Јавниот обвинител во Анкара покрена истрага околу снимката која се најде на „Ју Тјуб“, а на која се гледа како полицаец вади пиштол и пука врз групата на демонстранти, а притоа ранува еден.
 
На снимката се гледа како за време на антивладините протести во Анкара кои траат веќе поголг период во Турција, при што голем број демонстранти протестираат против режимот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, еден од полицајците кои постојано ја растеруваат толпата со водени топово и солзавци и го погодува во главата 27-годишниот Етхем Сарлускук кој минатата недела почина како последица од ранувањето.
 
На снимката е видлива и полициската бруталност за која Ердоган тврди дека ја нема.
 
Другите две жртви се 20-годишниот Мухамед Ајвалитас и 22-годишниот Абдулах Чомрет.
 
Снимката од инцидентот е направена за време на антивладините протести на плоштадот Кизилај, пренесува „International Business Times“.
 
Извор НетпресЈавниот обвинител во Анкара покрена истрага околу снимката која се најде на „Ју Тјуб“, а на која се

Пронајдете не на следниве мрежи: