Дали би забележале дека покрај вас среде улица поминува згодна девојка во танга, без панталони? Судејќи по ова видео, веројатно не. Згодната девојка Лиа се прошетала низ преполниот Њујорк носејќи само танга, а тим од професионални шминкери буквално и нацртале фармерки на голото тело. Ниту енден Њујорчанин не забележал дека девојката нема панталони.Целта на овој експеримент, кој на Јутуб има скоро 1,5 милиони прегледи, била да се покаже колку жителите на Њујорк (не)обрнуваат внимание на деталите.
Иако фармерките се перфектно добро насликани, сепак одзади се забележува дека се работи за гол задник. Но, атрактивната русокоса се прошетала низ градот, се возела во метро, посетила бејзбол стадион – но никој ништо не забележал.
Во еден момент дури отишла и во трговски центар и прашала една од продавачките каде може да набави исти такви фармерки. Девојката само ја погледнала и и рекла да провери на подолниот кат дали имаат таков модел.
Дури кога застанала да подигне пари од банкомат и се приближило едно момче и очигледно воодушевено од нејзината позадина ја фотографирало.
Целта на овој експеримент, кој на Јутуб има скоро 1,5 милиони прегледи, била да се покаже колку жителите на Њујорк (не)обрнуваат внимание на детали
Пронајдете не на следниве мрежи:



