Од 24 мај па се до крајот на месецот три планети кои се најблиску до Земјата, ќе имаат интересна кореграфија на небото. Притоа „танцот“ ќе може и ние да го видиме, соопштија астрономите.
Меркур, Јупитер и Венера ќе се наоѓаат во исто видно поле, а ќе имаме впечаток како да се вртат една околу друга, таа појава ќе се повтори дури во 2026 година.
Овој вид на „танц“, ќе се гледа навечер, во насока запад-северозапад, веднаш по заоѓањето на Сонцето.
Овие три планети од 24 до 30 мај ќе се најдат на растојание од пет степени, а на 26 мај на растојание од два степена. Иако на нас ќе ни изгледа како да се навистина блиску, сепак овие планети се одалечени стотина милиони километри.
Венера и Јупитер често може да ги гледаме на небото. Додека пак Меркур е тешко забележителен.Од 24 мај па се до крајот на месецот три планети кои се најблиску до Земјата, ќе имаат интересна кореграфија на небото