Викенд хороскоп за 01.03.2014 – 02.03..2014 година

Еве што ве очекува викендот….Овен
Веројатно нема причина да ја провоцирате својата љубовна среќа, потребно е да остварите позитивен ефект во секој поглед. Доколку постои ново лице кое емотивно ве привлекува, бидете доволно дискретни со своето однесување. Погрешен потег или љубовен ризик, може да ве воведе во дополнителни компликации.
Бик
Ќе ви недостасува емотивна поддршка, но не дозволувајте некој да ги менува вашите потреби или основни критериуми. Партнерот често се откажува од вас, но вие постојано се обидувате да му докажете дека за некои работи греши. Потајно со обидувате да остварите романтичен состанок или да почувствувате нов импулс.
Близнаци
Водени од амбицијата, понекогаш знаете да бидете нереални кога станува збор за проценување на вашите можности. Многу подобро ќе биде доколку научите да ги балансирате нештата и тогаш кога изгледаат неостварливи. Емотивната состојба во наредните денови би требало да ви го поправи расположението.

Рак
Викендов ве очекува некоја заслужена награда или материјална добивка, како потврда за вашите професионални способности и влијанија. Партнерот се обидува да ве расположи на секој начин и да ги исполни вашите очекувања. Емотивното разбирање и заемното дополнување на љубовен план, претставува позитивен чекор на некои претходни случувања кои ве загрижувале.
Лав
Внимавајте околу одлуките  во вложување пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас дејствуваат мошне сериозно. Во љубовниот живот доживувате нова радост и ви годи блискоста и односот со партнерот. Понекогаш и малите нешта имаат големо значење , ако правилно ги вреднувате и ги разменувате со блиско лице.
Девица
Партнерот ќе се обидува да ги реши заедничките дилеми и ја очекува вашата емотивна поддршка. Се има смисла, ако постои заеднички договор, пристоен однос и добра волја. Не дозволувајте некој од страна да ви ја наруши семејната хармонија или љубовниот однос. Зачувајте го својот свет на интима само за блиските и драги луѓе.

 
Вага
Во зависност од личното интересирање или мотивација, одберете работа која носи најдобри резултати. Имате добро претчувство и сакате да ги остварите своите емотивни потреби. Чувствувате емотивна инспирација и сите околу вас ги забележувате, како да се наоѓате на златен пиедестал. Направете се што е потребно за да освоите нечие внимание и да добиете искрена наклонетост.
Скорпија
Викендов ве очекува добивка и можност за успешно креирање или практично приспособување на работните планови. На љубовно поле посакувате повеќе возбудување и нежности со љубеното лице. Потребна ви е мала инспирација за да го почувствувате занесот, среќата или емотивна инспирација. Доколку сте слободни, одговорете на нечии пораки или слабост. Ве очекува задоволство во ново друштво. Водете се од својот внатрешен импулс.
Стрелец
Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности. Изгледате задоволно на љубовно поле, покрај вас се наоѓа лице кое искрено се грижи да ги исполни вашите емотивни желби. Доколку сте слободни, ве очекуваат покани за состанок. Ќе ви годи нечие интересирање и нова љубовна романса. Добро сте расположени кога се во прашање нови емотивни предизвици.

 
Јарец
Непотребно ја губите енергија, обидувајќи се да го промените однесувањето на партнерот или да влијаете ва случувањата кои не зависат од вашата волја. Секогаш постои златна граница помеѓу емотивните желби и реални можности и тоа од двете страни. Сочувајте ја емотивната блискост со драгата личност.
Водолија
Важно е да бидете правилно информирани за новите случувања на работната сцена и да нудите практични решенија од заеднички интерес. Во своето еуфорично расположение, заборавате ги семејните обврски за момент. Партнерот нема доволно слух за вашите нови изговори, затоа бидете доследни во она што го зборувате или ветувате.
Риби
Задоволството што ве придружува во односот со саканото лице го претставува најубавиот дел од стварноста, која влијае на вашето расположение. Емотивна инспирација и мечтаењето се неисцрпни, ако се наоѓате во вистинско друштво или со лице кое ве плени со добри мисли. Зачувајте го емотивно- романтичарскиот поглед на светот околу вас.Овен
Веројатно нема причина да ја провоцирате својата љубовна среќа, потребно е да остварите позитивен ефект во секој погл

Пронајдете не на следниве мрежи: