Викиликс открива: Сатанистичката вечера на Џон Подеста-Вознемирувачка снимка

Loading...

Викиликс: Протечените мејлови на Клинтон откриваат дека шефот на нејзиниот изборен штаб, Џон Подеста, лани присуствувал на вознемирувачко „духовно готвење“.ЊУЈОРК: Викиликс го објави можеби највознемирувачкиот е-мејл на луѓето во најтесните кругови на Хилари Клинтон. Мејлот открива дека Тони, братот на Џон Подеста (кој е шеф на нејзиниот изборен штаб), го поканил да присуствува на вечера на „духовно готвење“ заедно со Марина Абрамовиќ на 9 јули 2015 година во Њујорк Сити.

Видеото на Абрамовиќ расветлува што всушност значи „духовно готвење“.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На видеото Марина Абрамович пишува рецепти за „Духовно Готвење“ на ѕидот, со нешто што премногу личи на згусната крв.
Рецептите се состојат од совети како „Се меша свежо млеко од дојка со свежа сперма, се пие во вечери кога има земјотреси“, и „Со остар нож длабоко засечи го средниот прст на левата рака, јади ја болката“. Уште една од пораките напишани со крв, гласи: “Свежа утринска урина да се пропрска врз кошмарни соништа“.

Мејлот испратен од Абрамовиќ до братот на Подеста, Тони, гласи:
„Вечера
Драг Тони,
Се радувам на вечерата на Духовно Готвење кај мене. Дали би можел да ме известиш дали брат ти ќе присуствува?
Со љубов, Марина“

Од сликата се гледа дека Тони ја препратил пораката на брат му, Џон, и додал:
„Дали си во Њујорк Сити на 9 јули, четврток? Марина сака да дојдеш на вечера“, при што Марина е наречена Мери, што укажува на нивната блискост.

Исто така, Марина Абрамовиќ, која се декларира како уметник, одговараше на прашања на популарниот американски форум Редит. На прашање на еден од членовите на форумот, кое гласи „Каде го гледате окултизмот во современата уметност, и дали може да се изведе окултистичката магија во облик на перформанс?“, Марина Абрамовиќ одговара:
„Се зависи од тоа во кој контекст се изведува тоа што се изведува. Ако правите окултистичка магија во уметнички контекст во галерија, тогаш е уметност. Ако го правите во различен контекст, во духовните кругови, дома, или на емисија на телевизија, тогаш не е уметност. Дали е уметност или не, се дефинира со намерата, контекстот, за тоа што се изведува и каде се изведува.“ЊУЈОРК: Викиликс го објави можеби највознемирувачкиот е-мејл на лу

loading...