Вкус кој ќе ве маѓепса: МУС ОД ЈАГОДИ

Искористете ја сезоната на јагоди и подгответе си освежителен мус од јагоди, кој веруваме дека ќе ви се допадне!Потребни состојки:
– 1 шолја исечкани јагоди- половина шолја шеќер- 5 лажици вода- 3/4 лажичка желатин- малку сол- 2 белки- 1/4 лажичка екстракт од ванила- половина шолја павлака

Подготовка:
1. Во блендер изматете исецкани јагоди со шеќер така што ќе добиете соединета смеса.2. Во голем сад сипете 2 лажици вода и помешајте со желатин. Оставете околу 5 минути.3. Шест лажици шеќер, малку сол и останатите три лажици топла вода загрејте ги на средна температура додека не започне да врие и додека шеќерот не се стопи. Варете така околу 4 минути. 4. Белките додадете ги со желатин и матете додека не добиете пенеста смеса, потоа постепено додадете ја преостанатата лажица шеќер и матете додека не добиете цврст шлаг. Во шлагот додадете топол шеќерен сируп, па матете со миксер, најпрвин на средна, а потоа на голема брзина, додека не добиете цврст шлаг. Додадете го потоа екстрактот од ванила.
5. Додадете ја слатката павлака и постепено сипете го шлагот од белки, а потоа и кремот од јагоди. Сето тоа внимателно измешајте го. Распоредете го мусот во неколку садови и ладете во фрижидер барем 2 часа. Послужете го мусот декориран по ваша желба.Потребни состојки:
– 1 шолја исечкани јагоди- половина шолја шеќер- 5 лажици вода- 3/4 лажичка желатин

Пронајдете не на следниве мрежи: