Освен што изгледа вкусно, овој непечен колач се подготвува неверојатно брзо и е идеално решение за топлите месеци кога не ви се печат кори и не ви се варат филови и шербети.Потребни состојки:
500-550g бисквити
50g капучино во прав
2,5 dl млеко
3 јајца
6 лажици шеќер
5dl слатка павлака
1 лажица какао
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и истурете ги павлаката и какаото во нив. Матете неколку минути додека не направите цврст фил.
Капучиното прелијте го со жешко млеко. Секој бисквит потопете го во оваа смеса и направете кора од бисквити на една плитка тава.
Премачкајте со филот, па ставете уште еден ред бисквити. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот.
Завршете со тенок слој од филот, а по желба може да прелиете и со растопено чоколадо.
Послужете со парчиња летно овошје или ладно матено кафе и уживајте!Потребни состојки:
500-550g бисквити
50g капучино во прав
2,5 dl млеко
3