Вкусен колач со афион и цреши, кој вреди да го пробате!

Овој колач се прави без миксер, не содржи јајца, не е многу комплициран за правење, сочен и вкусен.
 Потребни состојки за тестото
*360 гр, овошен јогурт од јагода
*10 лажици шеќер
*5 лажици кафеав шеќер
*1 ванилин шеќер
*120 мл. млеко
*10 лажици гриз
*9 лажици брашно
*1 пециво
*90 мл. масло
*5 лажици афион
*300 гр. цреши (без коски), помешани со малку гриз
Потребни состојки за филот
*700 гр. цреши (без коски)
*6 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
*1 кесичка пудинг од јагода
*2 лажици густин

Подготовка:
Црешите се мијат, се чистат од семките, се цедат. Овошниот јогурт се меша со лажица со обичниот, како и со кафеавиот и ванилиниот шеќер додека да се стопи малку, па после се додаваат млекото, маслото, афионот и на крај црешите (кои стоеја посипани со малку гриз). Тестото се става во намастен и набрашнет правоаголно длабоко тавче (20х40 см),Се пече на 180 степени 30-35 минути, во зависност од ререната. Додека се лади тестото, се мијат и чистат 700 гр. цреши, се ставаат во тенџере со шеќерот, ванилата и 100 мл. вода, се варат неколку минути и се додава останатата (400 мл.) вода.Црешите се варат малку додека да омекнат, но да не се преварат, а потоа со лажица решетка се вадат од теџерето и се распоредуваат врз изладеното тесто. Пудингот, густинот и шеќерот се мешаат со малку вода и се вари пудинг во течноста во која се вареа црешите (течноста беше околу 600 мл.)Пудингот се распоредува брзо врз црешите, се израмнува убаво и се остава да се излади. Колачот се става во фрижидер, се сечат коцки кои се служат изладени.
Овошниот јогурт во комбинација со црешите дава убав вкус, го прави колачот освежителен и сочен. Колачот може да се прави и со јагоди.

Пронајдете не на следниве мрежи: