ВКУСЕН ручек за само 20 минути: Брзо потпечени сендвичи!

Доколку сакате да подготвите нешто набрзина, а воедно да биде вкусно, тогаш овој рецепт е вистинско решение за тоа.Состојки:
Стар леб (може и тост-леб)
200 g кисела павлака
3 јајца
40 g пармезан
200 g рендано меко сирење
150 g шунка
Сецкан магдонос
Чешне лук (по желба)
Сол
Бибер (по желба)
Подготовка:
1. Доколку се одлучивте да го правите јадењето со стар леб, исечете го на парчиња со околу 6 mm дебелина, па со нож отстранете ја кората. Пред да ги ставите парчињата леб во садот, претходно премачкајте го со малку масло.
Парчињата леб потопете ги и од двете страни во малку млеко и така ставајте ги едно по едно во садот за печење.
2. Изматете ги јајцата, па додадете ја киселата павлака во нив, а потоа додадете ги магдоносот, лукот (по желба), пармезанот, ренданото сирење и на коцки исецканата шунка. Додадете и малку сол, но внимавајте да не претерате.
3. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.
Смесата рамномерно распоредете ја врз парчињата леб во садот за печење, а потоа ставете ги да се печат. Печете околу 12-тина минути.
Јадењето послужете го додека е топло.
Пријатно јадење!Состојки:
Стар леб (може и тост-леб)
200 g кисела павлака
3 јајца
40 g пармезан
200 g ренд

Пронајдете не на следниве мрежи: