Кивито содржи голема количина на витамин Ц во организмот и ќе ве одржи свежи и ќе ви го зајакне имунитетот. Покрај тоа, ова зелено овошје е идеален лек против измореното тело.Јогуртот е одличен за регулирање на цревната флора и подигнување на имунитетот. Покрај тоа, освежителниот вкус е нешто што секој го обожава.
За подготовка на оваа енергетска, освежителна бомба потребни ви се 3 киви, 200ml јогурт, сок од половина лимон, лажичка мед.
Излупете ги кивите, исечкајте ги на коцки и ставете ги во блендер. Додајте го јогуртот, сокот од лимон и лажичката мед, па добро измиксирајте.
Ставете неколку коцки мраз за разладување и испијте го шејкот наутро, наместо кафе.Јогуртот е одличен за регулирање на цревната флора и подигнување на имунитетот. Покрај тоа, освежителниот вкус е нешто што секој го обожава.