ВКУСНИ КОМПИРЧИЊА…Одличен МЕТОД за печење!

Loading...

ВКУСНИ КОМПИРЧИЊА…Одличен МЕТОД за печење!Состојки:
1 кг компири (најубаво млади, но може и со стар)
1 лажица сол
2 л вода
50 мл масло
Подготовка:
Истругајте му ја кората на младиот компир, а ако е стар убаво излупете го, измијте и насечете на четвртини (зависно од големината на компирот), потоа ставете го да се вари во ладна вода и додадете сол.
Вклучете ја рерната на 160С и во ладна рерна ставете го плехот со масло. Целата тајна на рецептот е во тоа плехот со масло да мора да биде загреан , маслото жешко и чекаме додека водата со компирот не почне да врие, додека да се појави бела пена на врвот.
Кога ќе се појави бела пена повеќе нема чекање . Компирот истресете го во цедалка, извадете го плехот со загреано масло, компирот малку протресете го во цедалката па префрлете го во плехот (внимавајте да не се изгорите). СО лажиза за готвење веднаш промешајте го компирот за од сите страни да се обложи со жешкото масло.
Плехот со компири вратете го во рерната и печете на 160С додека не порумени.
Повремено проверувајте го и промешувајте.
Послужете со салата по желба.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
1 кг компири (најубаво млади, но може и со стар)
1 лажица сол
2 л вода
50 мл масло

loading...