Вкусни мафини со боровинки и бело чоколадо

Вкусни мафини полни со боровинки и бело чоколадо, одлични за вас и вашето семејство. Рецепт на кои сигурно нема да останете рамнодушни!Потребни состојки:● 150 гр брашно● 50 гр шеќер во прав● Една половина лажица прашок за печиво● Малку сол● Едно јајце● 50 гр путер● 100 ми млеко● 75 гр боровинки● 75 гр чоколадо

Начин на подготовка:
Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени Целзиусови. На оган стопете го путерот, а потоа помешајте го заедно со млекото и едното јајце. Во друг сад измешајте ги сувите состојки, кои што потоа ќе ги додадете во првиот сад и сето тоа заедно добро измешајте го. 
 
Кога состојките ќе се соединат, додадете ја ситно сечканата бела чоколада, а потоа додадете ги и боровинките. Целата смеса нежно мешајте ја, се со цел да го спречите гмечењето на боровинките. 
Потоа, започнете смесата да ја истурате во калапите, притоа внимавајќи да се наполнат до ¾ од секој калап затоа што при печењето мафините ќе нараснат. Печете околу 20 минути додека не заруменат. Откако ќе бидат готови, декорирајте ги колачите по сопствен избор и послужете. 

 Потребни состојки:● 150 гр брашно● 50 гр шеќер во прав● Една половина лажица прашок за печиво● Малку

Пронајдете не на следниве мрежи: