Вкусни шпагети со пилешко!

Љубителите на италијанската кујна со задоволство ќе го пробаат овој специјалитет. Играјте се со зачините, не можете да погрешите!Состојки:
1 помала главица кромид
1 чешне лук
200гр шампињони
500гр пилешко филе
500гр шпагети
поголема паковка павлака
пармезан
вегета, оригано, бибер, магдонос, босилек, власец, рузмарин, копар
Подготовка
На малку масло продинстајте го кромидот. Потоа додадете ги коцките бело месо кои претходно сте ги зачиниле со вегета. Налејте малку вода и динстајте. Кога месото ќе биде скоро готово , додадете ги сецканите шампињони и оставете да се крчка.
Сварете ги шпагетите и процедете, но оставете малку вода во друг сад.
Кога месото и печурките ќе се издинстаат, додадете половина пакување павлака, зачинете по вкус. Потоа добиената смеса прелијте ја преку исцедените шпагети и додека мешате додадете го остатокот павлака за шпагетите да бидат посочни. Доколку ви се чини дека шпагетите премногу ја впиваат павлаката, налејте малку од водата во која се вареле шпагетите.
При сервирање додајте пармезан. Ова јадење може да се јаде и топло и ладно.Состојки:
1 помала главица кромид
1 чешне лук
200гр шампињони
500гр пилешко филе
500гр шпа

Пронајдете не на следниве мрежи: