Влада Перовиќ, естраден менаџер: „Јас ја испратив Цеца во полнолетството!“

Еден од најпопуларните југословенски естрадни менаџери Влада Перовиќ, за себе вели дека цел живот правел ѕвезди и дека за разлика од други менаџери никогаш не бил репродуктивец.Со Аркан на 6 годишна возраст живеел под ист кров, а нешто повеќе од 3 децении подоцна неговата сопруга Светлана Цеца Величковиќ ја испратил во полнолетството и ја лансирал меѓу ѕвездите, како нејзин прв менаџер.
Откако Влада Перовиќ пријателски се раздели од неговата сопруга Лепа Лукиќ, се сврте кон „соло-менаџерство“ и ја создаде Ана Николиќ, Даниела Врањеш, Шабан Шаулиќ, Тома Здравковиќ, Предраг Живковиќ Тозовиќ, Дорис Драговиќ, „Нови Фосили“…итн.
– „Како да бев роден да се занимавам со шоу – бизнисот“ – вели Влада, и уште додава дека тој самиот ја вовел Цеца во естрадниот свет.
„Цеца ме придоби на ‘прв поглед’, имаше стас, глас, флуид, мозок. Се! Со години ја водев низ шоу – бизнисот, бев скоро како член од нивното семејство . се сеќавам како вчера да беше, кога мајка и и велеше да учи, а таа постојано и одговараше: ‘Несакам, сакам да бидам ѕвезда!’ Беше тинејџерка, а амбициозна ‘до даска’. Во сред ноќ знаеше да ме побатра на телефон и нестрпливо да повторува: ‘Несакам веќе да бидам во ова село ко пченка. Сакам веднаш во Белград’…“
Повеќе на ТЗМ.МКСо Аркан на 6 годишна возраст живеел под ист кров, а нешто повеќе од 3 децении подоцна неговата сопру

Пронајдете не на следниве мрежи: