Владата донесе одлука за исплата на 100% обесштетување на поплавените

На денешната седница владата донесе одлука со која ќе се започне исплатата на обесштетување за граѓаните погодени од поплавите кои се случија во август.Владиниот портпарол Александар  Ѓорѓиев денеска информираше дека на граѓаните ќе им биде исплатена сума од 100% од проценетата штета. Станува збор за процент на исплата кој многу мал број на земји го практикуваат.
-Процесот на исплата ќе се одвива во 4 транши, а во првата се опфатени 947 премети за кои се одвоени 118 милиони денари. Според апроксимативната вкупна бројка на предмети ова значи дека со првата исплата ќе бидат опфатени околу 25% од предметите, истакна Ѓорѓиев кој додаде дека траншите ќе се исплаќаат во октомври и ноември.
Во целосната исплата на 100% обесштетување  се опфатени и 3.074 предмети кои добија авансно обесштетување од 30.000 денари.
Како што објасни Ѓорѓиев на оние граѓани на кои им бил исплатен аванс истиот во износ од 30.000 денари ќе биде минусиран од 100% обесштетување, а оние кои не добиле аванс ќе бидат одеднаш 100% обесштетени според проценката.
– Граѓаните да бидат сигурни дека Владата ќе го реализира ветувањето дадено во август и ќе ги обесштети сите што беа зафатени од поплавите, нагласи Ѓорѓиев на прес-конференција.
Во првата транша на исплата се наоѓаат и околу 100-на премети кои немаат добиено авансно обесштетување.Владиниот портпарол Александар  Ѓорѓиев денеска информираше дека на граѓаните ќе им биде исплатена сума од 100% од проценетата штета. Станува

Пронајдете не на следниве мрежи: