сабота, 14 ноември 2026
Најново

Владата финансиски ќе ги награди фудбалерите и стручниот штаб на младинската репрезентација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, денеска оствари средба со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал на која меѓу другото тој ги информираше дека Владата донела да ги награди во висина од 4 200 000 денари како симболичен чин на благодарност и покажување на поддршка од страна на државата за овој нивен спортски резултат.Премиерот Димитриев на присутните фудбалери и спортски работници им го честиташе големиот спортски успех и пласманот на европското младинско фудбалско првенство.
Тој истакна дека овој голем спортски резултат е од огромно значење за целото општество и за Република Македонија, и истовремено им заблагодари на фудбалерите и спортските работници за нивниот придонес во создавањето на позитивна атмосфера помеѓу сите граѓани. Димитриев истакна дека фудбалерите и спортските работници покажале правилен пример дека во бранењето на боите на државата не постојат разлики по однос на етничка, верска и било каква друга припадност, и дека таквиот пристап обезбедува позитивни резултати во секоја сфера од значење за граѓаните.
Претседателот на Владата ги информираше присутните дека Владата на денешната седница донесе одлука со која се обезбедуваат и доделуваат награди за играчите и членовите на стручниот штаб на младинската фудбалска репрезентација во износ од 4 200 000 денари, како симболичен чин на благодарност и покажување на поддршка од страна на државата за овој нивен спортски резултат. Тој истакна дека Владата во границите на своите ингеренции и надлежност, останува подготвена за понатамошна поддршка на младинската репрезентација во пресрет на подготовките и настапот на европското првенство за млади во фудбал, истовремено додавајќи дека Владата и понатаму ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура и со реализација на мерки за поддршка на спортот.

Претставниците на фудбалската федерација и младинската фудбалска репрезентација се заблагодарија за приемот и за искажаната поддршка, и изразија позитивни оценки за проектите кои Владата ги реализира за поддршка на спортот и фудбалот.
Димитриев им посака успех и среќа на фудбалерите и спортските работници за настапот на европското првенство, како и за развој на нивните индивидуални кариери.
Премиерот Димитриев на присутните фудбалери и спортски работници им го честиташе големиот спортски успех и пласманот на европското младинско фудбал

Поврзани вести