Владата го усвои Предлог буџетот на РМ за 2018 година

Македонската Влада на својата вечерашна седница го разгледа и усвои Предлог буџетот на Република Македонија за 2018 година и донесе заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде доставен во постапка на дебата и усвојување во Собранието.Во соопштението на владината Прес службата се посочува и дека на вечерашната 37 седница Владата го разгледала и усвоила и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.
На предлог на Министерството за финансии, Владата на оваа седница го разгледа и усвои документот за  Фискална стратегија на Република Македонија за 2018-2020. Министрите го разгледаа и усвоија и Предлог-законот за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви, се додава во соопштението.
На оваа седница Владата го разгледа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход.
Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата, се наведува во соопштението. Во соопштението на владината Прес службата се посочува и дека на вечерашната 37 седница Владата го разгледала и усвоила и Предлог законот за и

Пронајдете не на следниве мрежи: