Владата им врти грб на прогонетите од Егејска Македонија а ги финансира шарените револуционери

Денеска, на дневниот ред на Владата ќе се најде предлог – одлуката за престанок на трајно користење на недвижнина на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, дознава Денешен.Исто така, на дневен ред ќе се најде и предлог-одлуката за престанок за давање на трајно користење за на недвижнини на Републичкото здружение на децата бегалци од и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија Т’га за југ од Скопје.
Владата, со овие предлог-одлуки ќе ја прекине државната помош на здруженијата на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија.
Очигледно Владата со оваа одлука не е свесна за ударот што ќе го предизвика кон претставниците на протераните Македонци од Егејска Македонија и ударот врз единството на македонскиот народ и создавање на се поголеми поделби.
СДСМ уште еднаш докажа дека не се грижи воопшто за спомен-обележјата кои ја симболизираат вековната македонска историја, кои беа обоени и уништени.
Со оваа одлука сегашната власт СДСМ и Шарената револуција удрија и по македонските херои кои го положиле животот за независна и суверена Македонија.
Изминатиов период македонскиот народ беше сведок на крајно нецивилизирано однесување на демонстрантите организирани од невладини и поддржувачи на СДСМ.
Да се потсетиме, додека се маваше со јајца и балони полни со боја кон најзначајните лица и моменти од нашето минато, споменици од другата страна на Вардар останаа недопрени.

Порта Македонија не е било какво спомен обележје, туку сублимат на македонската историја на едно место: антички обележја на македонската култура, македонски дејци и борци, егзодусот на Егејците, заседанието на АСНОМ, 8-ми септември, а ударот со јајца и боја врз ваквите историски и културни обележја е еднаков на удар врз историјата, корените и врз државата, од страна на Шарената револуција.
И по 70 години Македонците од Егејот со свежи сеќавања за прогонот од своите родни огништа. Децата кои тогаш имале и по 3 години, денес се возрасни лица кои секојдневно сведочат за теророт кој го доживеале во граѓанската војна.
Избркани од семејните куќи, дел ликвидирани, дел присилени да се произнесат како Грци. Многу настрадани од село Крушоради, раскажуваат како еден вообичаен ден пасејќи ги овците завршил со егзодус. Грците доаѓале секое утро во селата па жителите биле принудени да бегаат. Голем број деца биле и убиени .

Семејството раселено, таткото мобилизиран во партизани, мајката прогонета во друг правец а тој и неговиот дедо доаѓаат во Прилеп, се само дел од многуте трагични приказни на сведоци од тој егзодус.
Но голготата на децата бегалци и нивните мајки не завршува за сите исто. Браќа и сестри биле разделени и испратени по интернатите во источна европа и пошироко од каде дури по 10 години повторно се сретнуваат.
Македонците наследници на прогонетите од Егејот тврдат дека тортурата врз нив сеуште трае. Многумина добиле доживотна забрана за влез во родниот крај во денешна Грција, но велат омаловажувања трпат и од тука, од оние кои ги сквернават спомениците кои сведочат за егзодусот.
-Ние се дефинираме како љубители на слободата, за нас Македонија е слободата, ако постои Македонија, за нас има слобода, велат од Здруженијата на децата бегалци од Егејска Македонија.Исто така, на дневен ред ќе се најде и предлог-одлуката за престанок за давање на трајно користење за на недвижнини на Републичкото здружение на де

Пронајдете не на следниве мрежи: