Владата на Заев ја смести Уранија Пировска во Управен одбор

Владата на СДСМ почнува да се раздолжува со претставниците на таканаречениот невладин сектор. Извршната директорка на Хелсиншки комитет во Македонија и една од најголемите активисти на Шарената револуција, Уранија Пировска, ќе ја извршува функцијата заменик набљудувач во Управниот одбор на Европската агенција за фундаментални права.Исто како и претходните вработувања на претставници на Шарената револуција така и за ова нејзино назначување не се знае апсолутно ништо. Владата молчи за тоа по кој критериум била избрана Пировска, каде бил објавен огласот, кога се спровел конкурсот и што е најважно дали воопшто имало и други кандидати.
Ветувањата на Заев во предизборието дека се ќе биде транспарентно и дека ќе бидат назначени професионалци на важни државни и јавни функции пропаднаа во вода. Симптоматично е дека речиси сите активисти на платената Соросова Шарена револуција се вдомија во министерствата и другите органи на државната управа. Вработувањата без конкурс станаа одлика на оваа влада. Тоа најмногу е изразено во министерството за култура каде Роберт Алаѓозовски ги вработи речиси сите оние кои плукаа, ги уништуваа спомениците и ги малтретираа повеќе месеци граѓаните на Македонија.
Владата на Заев од самото доаѓање, се погрижи, таканаречените активисти од граѓанскиот сектор да ги вдоми на државна плата. По клучот “кој повеќе фарбал“ почнаа да се делат работни места во институциите. Работа во министерството за култура без конкурс, без јасни критериуми за работата, без дефинирана позиција надвор од сите норми и стандарди, без запазена процедура се Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Никола Наумовски, Мирослав Грчев, Петрит Сарачини, Нора Шаќири.
Вработувањето на сите овие ликови во Министерството за култура е само мал дел од многуте претходни случаи на масовни вработувања, не по клуч на професионалност, туку по клуч на пријателства, непотизам и политички интерес.
Покрај директорски позиции недолго по преземањето на власта, СДСМ под државна капа ги стави и други партиски членови, активисти на Сорос, твитерџии и комедијанти кои предизвикаа огромна материјална штета на културните објекти низ Скопје како и дивјачки напади врз полицијата која си ја вршеше нивната работа.
Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Бранимир Јовановиќ, Дарко Лешоски, Влатко Васиљ, Јована Аврамовска и многу други се дел од долгата листа на нововработени по државните институции.
Таканаречената Шарена револуција го погреба македонскиот невладин сектор! Нема критика во општеството зошто сите оние што требаа да критикуваат се вработија во влада и во другите институции.
Недовербата што овие луѓе ја предизвикаа во работењето на невладените организации тешко ќе може да биде поправена. Оваа платеничка револуција докажа дека вдомувањето во државните институции била нивна примарна цел, а не интересот на граѓаните.Исто како и претходните вработувања на претставници на Шарената револуција така и за ова нејзино назначување не се знае апсолутно ништо. Владата мо

Пронајдете не на следниве мрежи: