Владата потврди дека е започната проценката на штетите од Шарената револуција

Во оваа проценка се очекува да влезат оштетените објекти на Собранието и Владата , Портата Македонија, објектите на Министерството за правда, Министерството за култура, Управата за јавни приходи, Агенцијата за медиуми, Агенцијата за вработување, поголем број на споменици и спомен обележја, плоштади, како и објектите на општините Битола, Прилеп и голем број други јавни добра кои беа предмет и цел на таканаречената „шарена револуција“.Од владата потврдуваат дека е започната оваа процедура за проценка на штети, и додаваат дека за некои од објектите бирото веќе има направено вештачења по барање на самите субјекти.
-Владата на седница го задолжи бирото за судски вештачења во рок од 30 дена да изврши проценка на штетите врз административните згради на државните институции, административните згради на локалните самоуправи, споменици, плоштади и други објекти во Република Македонија, штети кои се настанати како резултат на одржаните протести во изминатиов период во повеќето градови низ земјата, и истата да ја достави до владата и до институциите во чија надлежност се оштетените објекти“, потврди владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Тој додава дека проценката е потребна за да може да се утврди план за санација на јавните добра. Од владата велат дека ваквиот вид на проценка која ќе ја прави Бирото за судски вештачења во соодветна постапка и по потреба може да биде користена и за утврдување на видот и обемот на евентуална одговорност за сторената штета.Од владата потврдуваат дека е започната оваа процедура за проценка на штети, и додаваат дека за некои од објектите бирото веќе има направено вештач

Пронајдете не на следниве мрежи: