Владо Илиевски: Одигравме со срце, но и тоа не беше доволно…

Македонскиот репрезентативец е разочаран од тоа што го покажа нашата кошаркарска репрезентација на Европското Првенство во Словенија.Владо Илиевски вели дека Македонија можела повеќе и требало повеќе да покаже, но недостасувала свежината во нашиот национален тим.
„Немавме доволно енергија, веројатно ниту доволно знаење да ја победиме Летонија денеска и да се обидеме да се протнеме понатаму. Дадовме се од себе, и на овој шампионат бевме како едно семејство. Одигравме со срце, но и тоа не беше доволно. Можевме повеќе и требаше да покажеме повеќе, но немавме свежина. Сепак оваа генерација заслужува со кренати глави да си замине од кошаркарската сцена и мислам дека заслужува респект“ изјави Илиевски.
Извор: republika.mkВладо Илиевски вели дека Македонија можела повеќе и требало повеќе да покаже, но недостасувала свежината во нашиот нац

Пронајдете не на следниве мрежи: