ВМРО-ДПМНЕ бара да се откријат лицата што ги оштетија гробовите во с. Љуботен

ВМРО-ДПМНЕ денеска најостро го осуди вчерашниот, како што наведоа, вандалски чин во кој беа осквернавени триесетина гробови кај црквата Свети Никола, во село Љуботен.– Пораката која се испраќа преку ваквиот вандалски чин ги вознемирува не само жителите на село Љуботен туку и граѓаните низ цела држава.ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува ова злосторство и бара виновниците што е можно побрзо да излезат пред лицето на правдата. МВР не смее да се однесува незаинтересирано, изјави Дејан Митровски.
ВМРО-ДПМНЕ очекува уште во наредните денови вандалите да бидат откриени и санкционирани.
– Само на тој начин ќе се испрати јасна порака дека ваквото вандалско однесување е неприфатливо и ќе се смири нервозата кај граѓаните, рече Митровски.– Пораката која се испраќа преку ваквиот вандалски чин ги вознемирува не само жителите на село Љуботен туку и граѓаните низ цела држава.

Пронајдете не на следниве мрежи: