среда, 18 ноември 2026
Најново

ВМРО-ДПМНЕ: Цврсто стоиме зад проектот „Екстерно оценување“ бидејќи значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот на образованието

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пратеничката група на СДСМ како резултат на својата немоќ и недостаток на идеи за решавање на проблемите на граѓаните, повторно се заканува со својата деструктивна и губитничка политика на укинување и блокирање на позитивни проекти и реформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Пратениците од СДСМ наместо да дојдат на работа и да учестуваат во работата на Собранието и преку корисни дискусии и дебати заедно да ги решаваме проблемите на граѓаните и да ги подобруваме постоечките законски решенија, денес тие повторно прочитаа празно соопштение напишано од Заев и Шекеринска во врска со новините за процесот на екстерното тестирање.
Провидно, несериозно и веќе познато губитничко сценарио на СДСМ од кое трпат само граѓаните на Репбулика Македонија.
Ние не сакаме и нема да бидеме дел од ова погубно сценарио на СДСМ и затоа нема да отстапиме од нашата заложба преку разни позитивни проекти и реформи да ги решаваме проблемите на граѓаните.
Како Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ цврсто стоиме зад проектот „Екстерно оценување“ бидејќи силно веруваме дека тоа значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот на основното и средното образование, како и за објективно и реално отсликување и оценување на знаењето кое го стекнале учениците во основните и средните училишта.
Со измените и дополнувањата на двата закони се воведува дополнителен додаток во кој што ќе се наоѓаат резултатите од екстерното оценување и истите нема да влијаат врз општиот успех на ученикот. Истовремено, се врши промена на започнување на процесот на екстерното оценување кое што наместо од 4-то, ќе започне од 6-то одделение. Се воведува новина со која што ќе се овозможи на Државниот испитен центар да воведе апликација со пробни тестови преку кои учениците ќе може да вежбаат и да се подготвуваат за екстерното оценување. Исто така, со овие измени се предвидуваат и парични награди во износ од 50%, 40% и 30% од просечната нето плата во Македонија за ученици кои што ќе освојат некое од првите три места на меѓународни натпревари, но и за наставниците кои што ги подготвувале учениците за натпреварот.
Токму затоа, ние како пратеници ќе продолжиме да се бориме за реализација и спроведуваање на овој проект бидејќи токму објективноста во оценувањето на учениците од страна на професорите беше и сеуште претставува голем проблем во образовниот процес.
Затоа, ние сме сигурни дека со новите измени ќе допринесеме за надминување на ваквите појави во образовниот процес бидејќи токму објективноста и реалното оценување на учениците е еден од столбовите кој го стимулираат ученикот и понатаму да продолжи да учи и да се надградува.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Пратениците од СДСМ наместо да дојдат на работа и да учестуваат во работата н

Поврзани вести