ВМРО-ДПМНЕ до Андоновски: СДСМ нема ставено ниту едно камче за изградба на нова болница

СДСМ нема кредибилитет да зборуваат за здравство. Не може да го покријат срамот и катастрофата што ја оставија со лажни и измислени некрофилски обвинувања.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ангелчо Андоновски
СДСМ го оставија здравството со речиси двојно поголема доенечка смртност во споредба со денес.
Во 2004 година стапката на доенечка смртност изнесуваше 13.2, а денес стапката е значително намалена и изнесува 8.5 промили. СДСМ ја оставија Клиниката за гинекологија и акушерство без нова медицинска опрема. Се работеше во никакви услови, во објект стар повеќе од 80 години.
Со ваквите прес конференции на СДСМ е јасно видлива контролата на медиумите што ја има оваа партија. Еден медиум ја отвора темата со лажни хипотези, врз основа на кои потоа СДСМ креира лажна реалност.
Од друга страна, прес конференцијата која денеска се одржа на Клиниката за гинекологија и акушерство е доказ дека сите доктори, без оглед дали се партиски определени и за која партија, сите сложно ја негираа оваа црна кампања која ја води СДСМ. Уште еднаш ќе потсетиме дека СДСМ нема право уста да отвори за здравството во Македонија, кое го остави со само еден апарат за компјутерска томографија за цела држава и огромни листи на чекање, а денес во целата држава има вкупно 18 вакви апарати и услугата ја добиваат жителите во своето место на живеење.
СДСМ ги остави најтешко болните и по една година да чекаат за зрачна терапија, а денес воопшто нема листа на чекање и веднаш се добива потребната терапија. Во време на СДСМ сомнителни луѓе продаваа стентови по ходници. СДСМ не ни помисли да набави нови возила за Итната медицинска помош.
СДСМ нема ставено ниту едно камче за изградба на нова болница. Никогаш не сме потенцирале дека здравството е комплетно ослободено од проблеми, но затоа работиме посветено и инвестираме во што е можно поквалитетни и подостапни здравствени услуги за граѓаните.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ангелчо Андоновски
СДСМ го оставија здравството со речиси двојно поголема доенечка с

Пронајдете не на следниве мрежи: