ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа барање до Државната комисија за спречување на корупција

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска до Државната комисија за спречување на корупција поднесоа барање за мислење по однос на примената на член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик.-Собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на Јавниот обвинител започната на 05.07.2017 година сеуште е во тек, тоа е во спротивност со член член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик според кој од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за градоначалник или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и градот Скопје, не може да се започне со постапка за вработување на нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институиции, а воедно започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случај на итни и неодложни работи. Очекуваме Државната комисија за спречување на корупција во најбрзо време да се произнесе за нашето барање, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.-Собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на Јавниот обвинител започната на 05.07.2017 година сеуште е во тек, тоа е во спротивнос

Пронајдете не на следниве мрежи: