ВМРО- ДПМНЕ: Манипулациите на СДСМ со аукциите на државни хартии од вредност- врв на лицемерието

СДСМ очигледно соочени со незадоволството на народот од нивното прифаќање на Тиранската Платформа, се обидуваат на секој начин да отвораат теми само да не се зборува за нивното партиципирање во Тиранска Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Државниот долг и аукциите на државни хартии од вредност станаа редовна пропагандна алатка на СДСМ. Секогаш кога сакаат нешто да стават под тепих и да ја дефокусираат јавноста од политичките случувања, тие плетат заговори за „грчко сценарио“ и банкрот. Иронијата да биде поголема, пред два дена кредитната агенција Стандард и Пурс во својот извештај наведе дека долгот на државата е низок. Ова е само една од низа меѓународни институции како Светска банка, ММФ, кредитната агенција Фич кои наведуваат дека државниот долг е низок.
За да свртат внимание на јавноста од актуелните политички случувања, СДСМ уште пред да се одржи аукцијата на државни хартии од вредност се закануваат и вршат притисок на банките и другите инвеститори. Манипулациите на СДСМ со аукциите на државни хартии од вредност се врв на лицемерието. Издавањето на државни хартии од вредност секаде во светот е редовна постапка за финансирање на буџетот.
Во 2004 година кога министерот за финансии на СДСМ, Никола Поповски ги воведе државните хартии од вредност, тој редовно се задолжуваше и покрај тоа што не доспеваа аукции за враќање на средствата. Дополнително, тогаш буџетот беше планиран со суфицит, значи аукциите не беа користени како извор на финансирање на буџетот. Тогаш беа издавани државни хартии од вредност по камата од дури 6 пати повисока од денес, или над 11%, за средства кои седеле на депозитна сметка. Државата плаќала тогаш 11% камата за средства кои немале никаква намена.
Желбата на СДСМ е да ја урниса економијата и да ги спречи сите редовни постапки. Најдобар пример за тоа се субвенциите кои поради нивно барање досега не се исплаќаа. Државниот долг и аукциите на државни хартии од вредност станаа редовна пропагандна алатка на СДСМ. Секогаш кога сакаат нешто да стават под тепих и

Пронајдете не на следниве мрежи: