ВМРО-ДПМНЕ: Медиумите кои не се под диктат на Бихаќка веднаш се прогласуваат за политички непријатели

Продолжува непринципиелното неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.Лидер во трката кој повеќе простор ќе оддели на манипулациите, лагите и наративнот на СДСМ беше ТВ 24 Вести која одвои 4348 секунди од своите централни вести и дебатни емисии за промоција на измислиците и конструкциите на СДСМ.
ТВ Телма вчера во централните вести и дебатните емисии им додели 3350 секунди на тезите кои произлегуваат од манипулативната пропаганда и измислиците на СДСМ односно за неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ. Само на овие две телевизии пропагандата на СДСМ беше застапена со вкупно 7698 секунди во само еден појас на информативни програми и дебатни емисии, односно неколку пати повеќе од тоа во текот на целиот ден.
Од почетокот на март СДСМ доби 132.300 секунди во еден програмски појас на две телевизии. Ваквите телевизии според извештаите од Бихаќка се фер и балансирани и не се ставени на листата на политички непријатели на Заев и СДСМ со кои СДСМ планира да се пресметува преку драконски казни и одземање лиценци.
Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно работеа со 165 нарачани текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ. Такво е избалансираното новинарство според СДСМ – илјадници секунди за нивните измислици и лаги секој ден на телевизиите и стотици нарачани текстови на порталите.
Медиумите кои не се под диктат на Бихаќка веднаш се прогласуваат за политички непријатели. Тоа е вистината. СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ ги сака само медиумите над кои има тотална контрола.Лидер во трката кој повеќе простор ќе оддели на манипулациите, лагите и наративнот на СДСМ беше ТВ 24 Вести која одвои 4348 секунди од своите центр

Пронајдете не на следниве мрежи: