Реакција на изјавата на Дамјан Манчевски
ВМРО-ДПМНЕ од првиот момент поддржуваше проверка и на сите 2 милиони жители, бидејќи СДСМ ќе добиеше 2 милиони одговори зошто граѓаните не ги поддржуваат нивните манипулации.
Само еден ден откако беше објавена листата на т.н. неконзистентни или „фантомски“ гласачи СДСМ преку своите соросови платеници жолчно бараше списокот да не биде јавно достапен.
Сега е јасно и зошто. Само после еден ден се виде дека т.н. „фантомски“ гласачи кои беа главен адут во последната лага на СДСМ се сестрата на Радмила Шекеринска, екс-функционерите на СДСМ Јани Макрадули и Гордан Георгиев, нивниот невладин перјаник Мирјана Најчевска, новинарот Ерол Ризаов и низа други.
Само еден ден откако беше објавена фамозната листа на „фантомските гласачи“ и на најтврдокорните поддржувачи на СДСМ им стана јасно она што одамна го знаат и малите деца: нема фантомски гласачи и нема изговори за СДСМ ниту за досегашните порази на изборите, ниту за бегање од престојните избори, нивно одложување или непризнавање на резултатите.
Граѓаните кои се предмет на теренска проверка, сите до еден се гневни на СДСМ. Сите до еден се гневни затоа што само поради СДСМ и нивното невидено однесување мора некому да се правдаат и објаснуваат дека не се фантоми, туку луѓе кои со децении живеат на истото место и го реализираат своето право на глас.
СДСМ ќе мора да се соочи со волјата на граѓаните на Република Македонија и по десетти пат по ред да биде казнет за сите лаги и манипулации со кои ја замајуваше јавноста дека некој друг им бил виновен затоа што не доаѓале на власт.
На СДСМ не му е виновен никој освен самиот СДСМ. И ниту една друга лага, еднакво апсурдна како таа за фантомските гласачи, личните карти, пасошите, возачките дозволи и останатите продукти на Фабриката за афери на Чауш и СДСМ, нема да ги ослободи од вината за ваквото срамно однесување.
На 5-ти јуни СДСМ ќе се соочи со граѓаните и ќе дознае уште еднаш зошто е 10 години во опозиција.
ВМРО-ДПМНЕ од првиот момент поддржуваше проверка и на сите 2 милиони жители, бидејќи СДСМ ќе добиеше 2 милиони одговори зошто г