ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ и е добро познато што значи задолжување на идните генерации со милијарди

Финансиско злосторство врз граѓаните е ограбувањето на милиони евра од аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот злосторнички клан. Овие пари кои се украдени директно од буџетот на државата не се користат за исплата на пензии или инвестиции во градинки или училишта, туку кланот на аболицираниот криминалец Зоран Заев ги користи за купување луксузни хациенди во Грција, скапи возила, мотори, јахти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија:
Аболицираниот криминалец Зоран Заев е повторно фатен на дело како работи незаконски. Сосема е очекувано дека аболицираниот Заев ќе им даде налог на неговите некомпетентни партиски послушници да шират што е можно повеќе лаги и невистини за да го покрие најновиот скандал.
Срамната задача да го оттргне вниманието од криминалот на Заев, овој пат му припадна на Кире Наумов, кој на сите стручни интервјуа е прогласуван за целосно некомпетентен и човек кој не разбира ниту „П“ од правото.
СДСМ кој е во заложништво на аболицираниот криминалец Зоран Заев и Кире Наумов во повеќе наврати и’ нанесоа економски штети на Република Македонија. Предизвикаа криза со која направија потенцијалните инвеститори да се чувствуваат несигурни. Ширеа лаги и невистини за наводна девалвација плашејќи ги граѓаните кои почнаа да ги повлекуваат заштедите и им нанесоа финансиска штета тешка милиони евра.
Сега преку своето деструктивно однесување се обидуваат да спречат Република Македонија да дојде до финансиски средства надевајќи се дека ќе ги блокираат исплатите на плати, пензии, социјална помош или инвестирањето во нови училишта, градинки, болници и инфраструктура.
Заев, Наумов и криминалната банда СДСМ многу добро знаат што значи задолжувањето на идни генерации со милијарди кои завршуваат во џебовите на функционерите. СДСМ не инвестираше во нови патишта, пруги, училишта, болници, медицинска опрема, субвенции во земјоделието, повисоки плати, пензии, како што инвестира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ парите со кои ги задолжи граѓаните ги распредели во џебовите на своите функционери.
Граѓаните, а не криминалците од СДСМ се оние кои кажуваат кој има легитимитет да ја води Македонија, а кој нема легитимитет да зборува за економија. Граѓаните знаат дека се додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, Република Македонија ќе продолжи да биде меѓу најниско задолжените земји во Европа, а буџетот нема да завршува во приватни џебови туку ќе се отвораат нови работни места и ќе се реализираат илјадници проекти.
Сеењето магла кое оди директно на штета на граѓаните и сеењето страв со закани кон банките и директно мешање во нивното работење е се што знаат да прават неспособни криминалци како Заев, Наумов и СДСМ. Казната за нивните лаги, фабрикации и деструктивност ќе им биде врачена веднаш откако СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија:
Аболицираниот криминалец Зоран Заев е повторно фатен на де

Пронајдете не на следниве мрежи: