ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи: Се промовираме себеси, не се закануваме како СДСМ!

Македонските политичари активно ги користат социјалните мрежи како алатка со која може брзо и лесно да допрат до граѓаните. Преку профилите на „Фејсбук“, кои и најчесто ги користат, објавуваат сè за што имаат проценето дека ќе им донесе плус поени кај гласачите, а за истата цел социјалните мрежи служат и како отворен мегдан преку кој остро ќе се зајадат со директниот политички противник, пишува Дневник.Двете најголеми партии за себе сметаат дека во тоа што го објавуваат на социјалните мрежи воопшто не користат речник што може да се оцени како навредувачки и дека се далеку од случајот на германскиот десничарски лидер Лук Бахман, кој неодамна беше осуден на глоба од речиси 10.000 евра. Него по службена должност го тужеше државата бидејќи од својот профил на „Фејсбук“, бегалците и азилантите ги нарекувал „ѓубре“ и „добиток“. Иако Бахман, кој важи за еден од најжестоките противници на либералната миграциска политика на канцеларката Ангела Меркел, пред судот се бранел дека профилот му бил хакиран, по долгиот процес сепак парично е осуден за навредливите постови.
Kај нас партиските лидери имаат и приватни и официјални страници како јавни личности, фан-страници, а некои од нив и по неколку. Овој начин на комуникација го практикуваат и пратениците, министрите, луѓе од највисоките партиски тела, но очекувано најажурирани и најдобро одржувани се профилите на лидерите, за кои се грижат цели тимови луѓе.
– Со оглед на огромната популарност кај граѓаните, ние како партија ги користиме социјалните мрежи и сигурно во иднина уште повеќе ќе ги користиме. За официјалната страница на претседателот на партија се грижи Центарот за комуникација, додека пратениците самите водат сметка за своите профили. Во нашите постови нема навреди и клевети зашто социјалните мрежи ги користиме пред сè за да ги претставиме нашите политики и мерки, и понекогаш во одредени случаи за дадеме појаснување за некои состојби. Но не би рекол дека коректниот речник е одлика и на другите партии. На пример Едмонд Адеми, член на извршниот одбор на СДСМ од својот профил повикува на насилство, а нивниот портпарол Петре Шилегов прозива за криминал и се заканува со затвор – вели Иво Kотевски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Во албанскиот политички блок, Али Ахмети ги користи социјалните мрежи секогаш кога сака да упати некаква политичка порака или кога сака за нешто да се пофали, а тој редовно и на еднаков начин преку својата официјална страница потсетува на одбележувањето на датумите од битки на Kосово или од конфликтот во Македонија. Не се памети дека некогаш медиумите пренеле политичка порака од неговиот политички опонент Мендух Тачи, која прво била пуштена на социјалните мрежи. Но за пораките од ДПА задолжени се други, па така најактивни на мрежите се Имер Алиу, Беким Фазлиу и Орхан Ибрахими, додека во првите виртуелни редови на ДУИ се партискиот портпарол Бујар Османи, Артан Груби и Ермира Мехмети.Двете најголеми партии за себе сметаат дека во тоа што го објавуваат на социјалните мрежи воопшто не користат речник што може да се оцени како навр

Пронајдете не на следниве мрежи: