ВМРО-ДПМНЕ: Никој не ги поддржува заканите на аболицираниот Заев и финансиските терористи од СДСМ

Никој не ги поддржува заканите на аболицираниот криминалец Зоран Заев и финансиските терористи од СДСМ. Во тоа се увери и самиот Заев на терен, меѓу граѓаните на кои им е доста од деструкцијата и фабрикациите на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-СДСМ очајно се обидува да го одвлече вниманието од антидржавниот чин на финансиски тероризам кој го спроведе и поради кој граѓаните ќе платат 25 милиони евра повеќе во каматата на еврообврзницата само по вина на финансиските терористи од СДСМ. Нема да им успее. И за тоа СДСМ ќе одговара. Финансиските терористи од СДСМ на македонските граѓани им нанесоа директна штета од 25 милиони евра. СДСМ стори се за овие пари да не завршат во нови проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот, туку да завршат во туѓи џебови. Ова е во согласност со мотото по кое СДСМ функционира цело време: „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Неодамна, се додава во реакцијата, во уште еден чин на финансиски тероризам и вештачки создадена паника, аболицираниот криминалец Заев и СДСМ натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати.
-За овие антидржавни обиди на СДСМ за нарушување на финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија граѓаните сметката на аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе му ја испорачаат на првите избори на кои СДСМ ќе се охрабри да излезе и да се соочи со казната.-СДСМ очајно се обидува да го одвлече вниманието од антидржавниот чин на финансиски тероризам кој го спроведе и поради кој граѓаните ќе платат 25 м

Пронајдете не на следниве мрежи: