ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: Оној за кого работните места за младите не се приоритет, не и мисли добро на нашата држава

Николина Дамчевска, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија за ИЕ 5, излезе со изјава. Во продолжение интегрален текст од изјавата.Неколку дена пред изборите, на кои вие почитувани сограѓани, како на референдум ќе решите каква држава ќе ни оставите на нас младите.
Ние, младите Битолчани сакаме да порачаме дека обезбедувањето работа, работа и само работа за младите значи обезбедување сигурна и подобра иднина за Република Македонија.
Оној за кого работните места за младите не се приоритет, не и мисли добро на нашата држава.
ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години грижата за младите на докажа на дело. Невработеноста во Македонија од 38.7% се намали на 24%.
Програмата „Реално“ за своја главна цел – директно и  индиректно застапена со различни мерки и проекти, има продолжување на намалувањето на трендот на невработеноста од сегашните 24% на 17 до 18% во 2020 година.
За тоа се предвидени најмалку 70.000 работни места.
Повторувам 70.000 работни места.
Тоа значи можност 70.000 наши сограѓани да обезбедат леб, пристоен живот, покрив над главата , топол дом и благосостојба за нив и нивните семејства.
Почитувани сограѓани, в недела на 11 декември, Вие ќе одлучите дали сте за 70 илјади нови работни места кои ќе значат развој и подобра живот за нас младите, наспроти продолжување на агнијата на политичка криза, неизвесноста, закоченоста на системот и загрозување на безбедноста и иднината на државата.
Затоа сите заедно, како едно, в недела да го заокружиме бројот еден.
За нашата иднина, за Битола за слободна и унитарна Република Македонија – заокружете го бројот еден.Неколку дена пред изборите, на кои вие почитувани сограѓани, како на референдум ќе решите каква држава ќе ни оставите на нас младите.
Ние,

Пронајдете не на следниве мрежи: