ВМРО-ДПМНЕ ОК Богданци: Излегуваме од коалиција со Демократски сојуз, Олумчева не реализира ниту еден проект

Длабоко сме разочарани од работата на градоначалникот  на општина Богданци, Анастасија Олумчева, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Богданци.Таа, велат тие,  остана нема на многубројните сугестии дека само со реализација на проектите од програмата за локални избори може да се очекува економски раст и развој на нашата општина.
-Но за жал, на штета на сите наши сограѓани ништо од ветеното не е реализирано, за што се одлучивме да донесеме одлука за излегување од коалицијата со Демократскиот сојуз, партија од која доаѓа Олумчева, велат од ВМРО-ДПМНЕ Богданци.
Додаваат дека нема разумна причина зошто Олумчева не го реализира проектот развој и промоција на нови и постоечки индустриски зони.
-Недозволиво е градоначалник кој по професија е архитект да не може да донесе во својот мандат ниту една планска документација за парцела наменета за индустриски цели, ниту пак за индустриска зона. Нема разумна причина зошто во ниту едно населено место во општината не се донесени ДУП-ови, ниту пак да се донесе стратегија за решавање на проблемот со атмосферските води, додаваат.
Нема оправдување зошто не е завршена проектната документација за изградба на пречистителна станица за отпадни води.
-Таа остана глува на нашите предлози за решавање на проблемите на жителите на село Јавато, кои сеуште го чекаат поставувањето на рамници и асфалтирање на улиците. Ова се само дел од низата на нереализирани проекти и мотивот за излегување на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата со Демократски сојуз. Токму поради овој револт на граѓаните и повеќе немаме намера да го поддржуваме ова нејзино непрофесионално работење, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Богданци.Таа, велат тие,  остана нема на многубројните сугестии дека само со реализација на проектите од програмата за локални избори може да се очекув

Пронајдете не на следниве мрежи: