Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Катерина Дрлеска, Центар за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.Борбата со невработеноста во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја започна уште од првите денови откако ја формираше Владата во 2006 година. Стабилната економска политика поставена во насока на создавање услови за отворање нови работни места ги даде очекуваните резултати. Во периодот од 2006 до 2015 година отворени се 149.465 нови работни места, од кои 29.481 во 2014 и 2015 година. Создавањето услови преку низа економски мерки како и изградба и развој на Технолошко-иднустриски развојни зони ги донесе странските директни инвестиции во земјата кои кумулативно за периодот 2007-2015 година, достигнаа 2.281 милион евра.
Значајно е што СДИ во Македонија се насочени во гринфилд-инвестиции и се инвестира во изградба на нови фабрики и капацитети кои креираат нови работни места. Притоа, зголемeн e извозот на стоки кој во 2015 година достигна рекордно ниво од 4.051 милион евра, што е најдобро остварување од осамостојувањето на Република Македонија. Само од технолошко- индустириските развојни зони извозот во 2015 година достигна скоро 1,5 милијарди евра.
Токму од извозот и високите капитални инвестиции од Буџетот зависи растот на македонската економија кој во 2014 година, при услови на економска криза беше четврт најдобар во Европа. Технолошко-индустриски развојни зони се изградени на 14 локации и тоа Скопје1 и Скопје 2, Штип, Тетово, Кичево, Струмица, Струга, Радовиш, Гевгелија, Ранковце, Берово, Виница, Делчево и Прилеп која е на површина од 65 хектари. Во Технолошко Индустриската Развојна Зона, Скопје 1 веќе работат компаниите Џонсон Мети, Текнохозе, Вистеон, Технопласт, Герман Електро Мехатроникс и неколку други.
Во Скопје 2 успешно работи белгиската компанија Ван Хол, инвестиција вредна 20 милиони евра во која работат 830 вработени. Во Штип, компаниите Џонсон Контролс, инвестиција со 1780 вработени и германската компанија Техникал Текстајлс, инвестиција вредна скоро 12 милиони евра со 130 вработени, чиј број на вработени треба да достигне и до 1000. Во ТИРЗ Кичево очекувани се нови 1000 работни места, додека во Струга се реализира инвестиција со нови 2000 вработувања.
Во Струмица во фаза на реализација е уште еден капацитет на американската компанија Џонсон Контролс, вкупна инвестиција од 16 милиони евра, со вкупно 1500 нови работни места, a во Тетово најавена е инвестицијата која ќе вработи 2.500 лица. Во Кавадарци, свој капацитет изгради компанијата Дрексел Маер каде се отворија повеќе од 6000 нови работни места, од кои околу 700 се наши прилепчани.
Вo нашиот град, во Прилеп, изградба на своја фабрика започна Американската компанија од автомобилската индустрија Гентерм. Инвестиција вредна 20 милиони евра, со која се планира да се вработат вкупно 2000 лица. Компанија која освен во Америка е присутна и во 14 други држави со скоро 10.000 вработени на светско ниво. Во моментов во оваа компанија работат 345 лица, a повеќе од 500 се веќе обучени.
Во Прилеп во фаза на реализација е капацитет на уште една компанија од автомобилската индустрија, Акомпласт, која на почеток ќе биде браунфилд-инвестиција со закупување на некој од постојните погони во градот, инвестиција која ќе овозможи нови 250 вработувања. Во Прилеп исто така изградена е Индустриската зона Прилеп 1 во која внатрешната инфраструктура е завршена, а надворешната во завршна фаза.
Во овој момент во Прилеп 1 се градат 8 фабрики од страна на домашни инвеститори, а во тек е продажбата на 5 парцели за изградба на објекти во Индустриската зона Прилеп 2.
– „Развојот на Прилеп е преку економско зајакнување на градот и отворање на нови работни места за подобар живот за сите граѓани.
Развојот на Прилеп е и преку растот на домашните компании кои се почесто се јавуваат како кооперанти на странските инвеститори, а со тоа ќе се овозможат и нови вработувања. Посветено продолжуваме со реализација на ветените проекти затоа што економскиот развој и нови работни места во Прилеп е наш врвен приоритет!“Борбата со невработеноста во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја започна уште од првите денови откако ја формираше Владата во 2006 година. Стабилната економс