ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Инвестициите во Прилеп продолжуваат во здравството

-Нашите политички опоненти и на овие предвремени парламентарни избори повторно немаат конкретна политичка програма, а наспроти тоа само имаат лажни ветувања, деструктивност, што е впрочем и нивниот стил на работа сите години на назад – велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.Интегрален текс од денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп
Ветувања, а за ниту едно немаат објаснување како би го реализирале, од каде ќе обезбедат средства, до кога нешто би реализирале?! Впрочем, кој и да било човек, ако размисли и ги собере нивните ветувања, сигурно ни буџетот на Америка нема да биде доволен за истите.
Лагите веќе испливаа на површина. Остануваат уште неколку дена од оваа изборна кампања…за жал од кандидатите за пратеници на СДСМ од Прилеп ДО СЕГА НЕ СЛУШНАВМЕ НИТУ ЕДЕН ПРОЕКТ КОЈ ТИЕ ГО ВЕТУВААТ ДЕКА ЌЕ ГО РЕАЛИЗИРААТ ВО НАШИОТ ГРАД, ЗА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ! НИТУ ЕДЕН ПРОЕКТ ЗА ПРИЛЕП! ТАА Е НИВНАТА СЕРИОЗНОСТ И ГРИЖА ЗА ПРИЛЕПЧАНИ!
Има разлика меѓу нас и нив! Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ се наоѓаат голем број на проекти за Прилеп. Дел од тие проекти се предлози на граѓаните од нашата општина. Затоа во идниов период и заедно ќе ги реализираме.
Продолжуваме со инвестициите во здравството. За разлика од едно минато време кога се немаше ништо инвестирано со децении во ниту една здравствена институција во градот, сега сликата е променета. Еден од најголемите проблеми кои ги имавме, условите и за пациентите и за вработените во градската болница веќе го решаваме. До крајот на годината ќе биде целосно завршена реконструкцијата на одделенијата, а во 2017-та продолжуваме со реконструкција на амбулантите. Како изгледаше и како сега изгледа болницата можете да видите на сликите.
Кадровски веќе сите здравствени институции се добро екипирани, а во наредниот период продолжуваме со вработување на лекари кои за брзо време би заминале на специјализација. Во програмата „Реално“ ветуваме дека за потребите на градската болница уште на почетокот од 2017-та ќе набавиме две најсовремени транспортни возила.
Ќе бидат набавени 150 нови апарати во вредност од 1.187.050 евра меѓу кои:
– Два автоклави
– Два апарати за анестезија
– Апарат за ехографија со кардиолошка, линеарна и конвексна сонда
– Доплер на крвни садови (каротиди)
– Апарат за ехографија на абдомен
– Хируршки комплет за гинеколошки операции
– Апарат за ласер терапија и многу други.
Продолжуваат и инвестициите во Здравствениот дом. За скоро време ќе бидат отворени 2 нови лаборатории во населените места Канатларци и Дебреште.
За потребите на оваа институција ќе бидат набавени 11 нови апарати со Буџет од 27.600 евра. Ќе бидат набавени следните апарати:
– Стоматолошки рентген апарат
– ЕКГ апарат 12 канален
– Преносен ЕКГ апарат
– Апарат за спирометрија и други.
Почитувани сограѓани,
Исто така, сакам да Ве повикам, во петок на 9. декември со почетокот од 20ч на Градскиот плоштад Методија Андонов – Ченто, заедно да ги слушнеме сите проекти за Прилеп кои ние, ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ги ветуваме на овие парламентарни избори и да покажеме дека народот на Прилеп ја сака Македонија! За број 1 и Македонија која оди напред!Интегрален текс од денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп
Ветувања, а за ниту едно немаат објаснување како би

Пронајдете не на следниве мрежи: