ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Одбирате помеѓу реална програма и реални проекти и луѓе кои сакаат да ја разнебитат и федерализираат нашата татковина!

Во прилог интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп:Во периодот од 2006 па до денес покажавме како вистински се сака и се работи за Република Македонија. Успеавме невработеноста да ја симнеме на најниски 24%, најниската пензија да ја зголемиме за 90%, да  обезбедиме 160.000 нови работни места преку странски и домашни инвестиции. Посветено работиме и  инвестираме во поддршка на земјоделството, градиме инфраструктура,  вложуваме во здравството и образованието, вложуваме во младите,  свесни дека само така ќе им обезбедиме на нашите сограѓани пристоен живот и сигурна иднина. 
Со програмата “РЕАЛНО“ на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија за периодот 2017-2020 ние ќе продолжиме со уште поголема посветеност да оствариме реални проекти преку кои ќе обезбедиме работа, сигурност и напредок! Ќе отвориме нови 70.000 вработувања, ќе ги поддржиме земјодделците со преку 600 милиони евра, ќе ги зголемиме пензиите и платите за 50%, ќе продолжиме со модернизирање на здравството и ќе вложуваме во образованието и во иднината на нашите деца и внуци кои својот живот ќе го градат во Македонија. 
Прилеп ќе добие две нови детски градинки, ќе се реконструира старата чаршија, ќе добие нов театар а ќе се реконструира центарот за култура Марко Цепенков, економскиот факултет и спортскиот комплекс Маркови Кули, ќе се изградат 3 нови спортски сали и многу објекти за спорт, ќе се обезбеди гасификација за секое семејство, ќе се обезбеди нова апаратура за здравството и на младите ќе им се обезбедат подобри услови за вработување и започнување на сопствен бизнис. 
Кога сме кај вработувањата гордо можеме да потврдиме дека во Прилеп влегува и трета странска инвестиција која само во 2017 година ќе вработи 1000 наши сограѓани а во најава е и уште една компанија која ќе вработи преку 600 лица. 
Почитувани сограѓани,
Одбирате помеѓу реална програма и реални проекти и луѓе кои сакаат да ја разнебитат и федерализираат нашата татковина, да воведат двојазичност на целата територија и вашите деца и внуци да учат албански јазик, одработувајќи агенда на странски интереси. Бараат од вас поддршка преку паушални проекти и нереални ветувања. Велат дека ќе ја вратат средната класа во Македонија, а тоа се истите тие кои ја уништија, затворајќи многу фабрики и избркаа многу луѓе на улица, на што Прилеп многу добро се сеќава. Нивното лого е стегната тупаница, преку која се заканија дека кога ќе дојдат на власт ќе јадат живи луѓе и ќе бркаат од работа. 
Токму затоа почитувани сограѓани,  после две години вештачка политичка криза, изборите на 11 декември и тоа како се потребни. Потребни се да се каже НЕ на странските узурпатоски интереси, да се каже НЕ на манипулантите кои сакаат да му наштетат на својот народ и да ја федерализираат државата и да се каже НЕ на деструкцијата и хаосот. 
Затоа овие избори се историски и референдумски! Ве повикуваме во недела, масовно, како никогаш досега да излеземе на избори и да кажеме ДА за нови вработувања, повисоки пензии и плати, да за подобар и достоинствен живот. Гласајте за стабилна држава која ќе ја предводи Коалицијата за подобра Македонија во која ќе се почитуваат националните интереси и уставот, бидејќи вие сте тие што гледаат, согледуваат и одлучуваат!
Почитувани прилепчани,
Некои грешки се прават само еднаш и не се исправаат! Да не  бидеме генерацијата од која ќе се сраматидните генерации Македонци! Да не направиме нашите поколенија и внуци да бидат кираџии во сопствената држава!
Гласајте за БРОЈ 1 бидејќи знаете што е подобро за вас и за Македонија!  
Да живее Република Македонија! 
Во периодот од 2006 па до денес покажавме како вистински се сака и се работи за Република Македонија. Успеавме невработеноста да ја симнеме на најн

Пронајдете не на следниве мрежи: