ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: За безбедносната ситуација во нашиот град СДСМ нема кредибилитет да говори

Реакција на прес-конференција на ОО СДСМ Прилеп во врска со избор на Командир на Полициска станица Прилеп.Вашето раководење со Министерството за внатрешни работи на чело со вашиот партиски Генерален секретар Спасовски точно покажа кој е за партизирање на ова Министерство.
За време на Спасовски се вршеше класично партизирање во МВР, при што целокупната македонска јавност беше сведок на незаконските смени и назначувања на партиски кадри од СДСМ, како на пример сопругот на Ременски кој без никаков интерен оглас спротивно на Законот за внатрешни работи беше унапреден за цели четири нивоа. Сопругот на Ременски од самостоен инспектор со 720 бода, е распореден на позиција генерален советник-инспектор во Кабинет на УБК со 1050 што претставува класичен пример за рушење на целиот систем на кариера во МВР.
Ве потсетуваме на експресното разрешување на првите луѓе на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа” и автопатната полиција, на чие место беа поставени партиски луѓе од редовите на СДСМ. Не изостануваат и примерите за скок од 7 и 8 нивоа според систематизацијата на МВР кога од полицаец унапредувавте во командири, началници на сектори и одделенија или вкупно чистка од 450 вработени во МВР за само неколку месеци. Кога СДСМ го назначи Спасовски за Министер за внатрешни работи истиот го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Згрижување на партиската војска на товар на државата граѓаните ги чинеше околу 10 000 евра месечно.
За безбедносната ситуација во нашиот град СДСМ нема кредибилитет да говори. Во времето на владеењето на СДСМ, Прилеп беше град на бомби, уцени, рекет и изнуди, на тоа многу добро се сеќаваат прилепчани.
За разлика од Вас, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија, секогаш се залагала и ќе се залага во иднина за професионално работење и избор на докажани професионалци во својата област кои ќе ја извршуваат својата работа согласно законите и интересите на граѓаните на Република Македонија, а не теснопартиските интереси на СДСМ.Вашето раководење со Министерството за внатрешни работи на чело со вашиот партиски Генерален секретар Спасовски точно покажа кој е за партизирање н

Пронајдете не на следниве мрежи: