ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Во време на СДСМ немаше активни мерки за вработување

Како што наближува датумот за одржување на парламентарните избори и крајот на кризата, така сѐ поголеми и поголеми лагите и лицемерието на СДСМ.Денешната изјава на Драган Тевдовски на темата економија дадена на плоштадот Сарма але претставува врв на лицемерието од СДСМ и навреда за сите Велешани. Од истото тоа место СДСМ пред 14 години ветуваше и лажеше декаќе донесе економски просперитет во државата и дека ќе вработи по еден човек од секое семејство. Не само што не вработија никого додека тие беа на власт, туку не вработеноста во нивновреме во Велес достигна бројка од повеќе од 16.000 луѓе, што е најсрамниот рекорд во историјата на нашиот град, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.
Во продолжение го пренесуваме текстот интегрално:
Во време на СДСМ ниту постоеа активни мерки за вработување, ниту државна помош за малите фирми. Напротив, македонско стопанство беше разграбено и поделено помеѓу транзиционите директори на СДСМ. Економските политики на СДСМ значат измамени и ограбени граѓани, затворање на фабрикии оставање на илјадници луѓе на улица без работа.
Довербата не се добива со бркање луѓе на улица, уништување фамилии, затворање фабрики, криминална приватизација и тепање на вработените кога штрајкуваат и си ги бараат своите права како што правеше СДСМ.
Довербата се добива со отворање на нови работни места, градење на фабрики и рестартирање на постоечките капацитети.
Иднината на Велес и на неговите граѓани не се СДСМ и неговите елитисти, туку успешните проекти кои се реализираат и кои градот го носат напред.
Такви се фабриката „Маркарт”, инвестицијата на индиската групација „БРГ” за рестартирање на Порцеланка, компанијата „ЕуроБрик” којаинвестира во „КироЌучук”,ново најавената инвестиција на „STS Textiles” за рестартирање на Свилара, како и останатите домашни и странски компании кои вложуваат во Велес и велешко. Такви се и останатите политики и позитивни економски мерки на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои придонесоа да се намали невработеноста за 8.609 лица во Велес според официјалната статистика.
Затоа граѓаните не му дозволуваат на СДСМ да се приближи до власта. Затоа 9 изборни циклуси по ред граѓаните својата доверба ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните ќе го казнат СДСМ за деструкцијата и манипулациите доколку конечно соберат храброст и се појават на закажаните избори во декември.Денешната изјава на Драган Тевдовски на темата економија дадена на плоштадот Сарма але претставува врв на лицемерието од СДСМ и навреда за сите Вел

Пронајдете не на следниве мрежи: