ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Мерки од областа на труд и социјалната политика

Денешна прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Александар Маркоски, Центар за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.Во неможност да ги опфатиме сите мерки, реформи и проектите во областа на поттикнувањето на вработувањето, социјалната политика и пензиското и инвалидското осигурување приморани сме да одржиме и втора прес конференција секако со цел да дадеме отчет пред Вас граѓаните.
Од септември 2008 година започнавме со исплата на пензиите секоја прва седмица од месецот истовремено за сите корисници на пензија.
Пензиите од 2006 до октомври 2015 се зголемија за:
Најниската пензија за 90,32% од 4.330 денари во 2006 година на 8.241 денари во 2015 година.
Просечната пензија за 70,1% од 7.688 денари во 2006 година на 13.077 денари во 2015 година.
Највисоката пензија за 34,85% од 27.606 денари во 2006 година на 37.228 денари во 2015 година.
Во изминативе неколку години успешно го реализиравме проектот Бањско-климатска рекреација на пензионерите. Проектот започна да се имплементира од 2010 година и заклучно со 2015 година услугите од овој проект го искористија 32.632 корисници на пензија.
Од март 2015 година започна да се реализира Бесплатниот викенд во одморалиштата и хотелските комплекси кои се наоѓаат на планините и крајбрежјето на езерата во Македонија и тоа во: Охрид, Дојран, Струга, Преспа, Берово и Крушево.
Во 2015 година, оваа услуга ја искористија 2.567 корисници на пензија. Во 2014 година, воведен е бесплатен викенд еднаш во месецот за превоз на старите лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите стари лица, мажи над 64 години и жени над 62 години имаат право на бесплатен превоз во повратен правец во определен викенд во месецот. Досега оваа мерка ја имаат искористено над 40.000 лица.
Социјалната парична помош во просек од 2006 година до 2015 година се зголеми за 61,8%. Во 2006 година социјалната парична помош во просек изнесуваше 2.900 денари, додека во 2015 година изнесува 4.692 денари.
Постојаната парична помош од 2006 година до 2015 година во просек се зголеми за 60,5%. Во 2006 година ППП во просек изнесуваше 3.695 денари, додека во 2015 година изнесува 5.931 денари.
Овозможивме поголема финансиска помош преку обезбедување на условен паричен надоместок за средно образование, кој се исплаќа за ученици кои редовно посетуваат настава и се од домаќинствата корисници на социјална парична помош.
Заштитата од енергетска сиромаштија вклучува субвенционирање на потрошувачката енергија, секое семејство на корисниците на социјалната помош секој месец добива неповратни финансиски средства за покривање на дел од трошоците за потрошена енергија.
Во насока на обезбедување на континуирана заштита на лицата кои не се способни сами да се грижат за себе од 2006 година до 2015 година правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице го зголемивме за 32,7%.
Правото на додаток на слепило е воведено од 2012 година за потполно слепи лица, односно лица кај коишто постои оштетување на видот од 98% до 100%, со навршени 26 години, и истиот изнесува 7.000 денари месечно.
Од 2012 година воведено е Правото на додаток на мобилност за лица со 100% телесен инвалидитет кои самостојно користат инвалидска количка со навршени 26 години, лица со квадриплегија или со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој кои користат инвалидска количка со придружник. Истиот изнесува 7.000 денари месечно.
Од 2014 година воведено е правото на паричен додаток на глуви лица за потполно глувите лица, во висина од 4.000 денари, заради обезбедување социјална интеграција на потполно глувите лица.
Го зголемивме паричниот надоместок за згрижување на деца без родители и истиот изнесува помеѓу 8.125 денари и 10.625 денари.
Со проектот Отпис на долгови на граѓани од ранливи категории се отпишаа долговите на корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години. Во рамките на овој проект донесени се 14.869 одлуки за отпис на долгови, односно отпишан е долг во износ од 1.798.493.393 денари.
Донесовме мерка за вработување на 1.600 лица во јавната администрација од социјално загрозените семејства и тоа долгорочно невработени лица повеќе од 10 години, лица од многудетни семејства, лица од самохрани и еднородителски семејства и лица од семејства без ниту еден вработен.
Извршивме зголемување на износот на посебен додаток за самохрани родители на дете со пречки во развојот за 50% кој сега изнесува 6.303 денари и зголемување на посебен додаток за материјално необезбедени родители на деца со пречки во развојот за 25%.
Воведовме посебен додаток за сите деца со Даунов синдром.
Од 2009 година започнавме со реализација на Родителскиот додаток за трето дете, кој за 2015 година изнесува 8.362 денари.
Еднократната парична помош за деца без родители и родителска грижа беше воведена во 2008 година со што секое дете без родители и родителска грижа по полнолетството и по напуштањето на установата или згрижувачкото семејство добива средства од 180.000 денари, наместо 330 евра претходно.
Со обезбедување на 153 социјални станови го решивме станбеното прашање на лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа.
Од 2013 година се спроведува Програмата Д-10 за вработување на лица кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа, со цел полесна интеграција во општествениот живот на лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа.
Лицата кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа, а притоа се редовни или вонредни студенти имаат правото на парична помош за студирање и тоа во износ од 9.000 денари доколку лицето користи право на домување или 18.000 денари доколку не користи право на домување.
Почитувани сограѓани, Вашата доверба е наш мотив, наш поттик за понатамошна работа. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, отчетно, домаќински и чесно, за Вас граѓаните.Во неможност да ги опфатиме сите мерки, реформи и проектите во областа на поттикнувањето на вработувањето, социјалната политика и пензиското и инва

Пронајдете не на следниве мрежи: