ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажа целосно непознавање на приликите и односот на сите чинители во енергетскиот сектор

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на прес-конференцијата на Митко Андреевски од СДСМ.Интегрален пренос на реакцијата:
СДСМ уште еднаш покажува целосно непознавање на приликите и односот на сите чинители во енергетскиот сектор. Ова СДСМ го прави од две причини. Првата е затоа што има елементарни непознавања за начинот на функционирање на пазарот на електрична енергија во Република Македонија. Втората е затоа што соочен со сигурен пораз на 11-ти декември СДСМ во очај е подготвен да ги лаже во очи граѓаните ветувајќи и бесплатна електрична енергија за целиот свет.
Тоа не е воопшто невообичаено за СДСМ, напротив, низ годините СДСМ покажал и докажал дека знае две работи: да не работи и да лаже.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години инвестираше преку милијарда евра во енергетски проекти и во модернизација на постојните енергетски капацитети. Успешно е либерализиран пазарот за електрична енергија, започна искористувањето на обновливите извори на енергија како ветерот, сонцето, биомасата, а се обезбедени и соодветни услови за изградба на сончеви електроцентрали. 
Создадена е соодветна регулатива врз која во изминатите десет години изградени се преку 60 мали хидроелектрани, изградени се редица значајни капацитети за пренос на електричната енергија, а во моментов се спроведува и проектот за целосна гасификација на Република Македонија. 
ВМРО-ДПМНЕ креира енергетски политики од кои бенефит имаат сите граѓани на Република Македонија, но истовремено тие претставуваат и влог за обезбедување стабилна енергетска иднина за идните генерации.
СДСМ во енергетскиот сектор е познат како партијата која поради својот „бонбона бизнис“ со продажбата на ЕСМ и преносот на државниот монопол во рацете на приватен сопственик директно придонесе за можноста за зголемување на цената на електричната енергија.
На ваквите манипулации на СДСМ граѓаните се навикнати и имуни. Одговорот за СДСМ од граѓаните за сите безочни лаги и манипулации доаѓа на 11-ти декември.Интегрален пренос на реакцијата:
СДСМ уште еднаш покажува целосно непознавање на приликите и односот на сите чинители во енергетскиот секто

Пронајдете не на следниве мрежи: