ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно признава дека ќе има жртви ако дојде на власт

Интегрален текст од реакцијата на изјавата на Драган ТевдовскиСДСМ ги загуби изборите.
Единствениот план кој СДСМ го реализира е планот за живеење во илузија, непризнавање на резулатите и обидите за фалсификат на волјата на мнозинството.
Овој план на СДСМ нема да успее.
СДСМ секогаш кога спроведувал реформи жртви биле граѓаните. Кога СДСМ ја спроведе криминалната приватизација жртви беа 200.000 луѓе избркани на улица.
Жртви на СДСМ беа и пензионерите бидејќи им ги кратеше пензиите, им ги исплаќаше со доцнење и на рати.
Сега СДСМ повторно признава дека ќе има жртви ако дојде на власт.
„Вкупната потрошувачка за плати во јавната администрација мора да се смали. Дали ќе се смалуваат платите или нема да растат веќе или ќе се смали бројот на вработени или двете заедно, ќе има одредени жртви. Други можни жртви се пензионерите“, изјави финансискиот експерт од СДСМ Никола Поповски.
За разлика од жртвите кои паѓаат кога СДСМ доаѓа во прилика да одлучува во Македонија, дури и Поповски признава дека во време на ВМРО-ДПМНЕ растат и платите и пензиите.
Граѓаните треба да бидат мирни бидејќи СДСМ загуби и нема да има прилика да остава жртви зад себе, да ги брка луѓето од работа и да ги намалува платите и пензиите.СДСМ ги загуби изборите.
Единствениот план кој СДСМ го реализира е планот за живеење во илузија, непризнавање на резулатите и обидите за фа

Пронајдете не на следниве мрежи: