ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ги оцрни проектите кои ги ветуваме и редовно ги реализираме

СДСМ се обидува да ги оцрни проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги ветува и редовно ги реализира, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.-Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети томографи во Штип, Велес и Битола, томографи ќе има – и има, работат и им служат на здравјето на граѓаните. Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети магнетна резонанца во Битола и Штип, и тоа ќе го исполни. Шилегов може да прошета до Битола и Штип за да се увери и самиот дека медицинската опрема е инсталирана, оперативна и граѓаните и докторите се задоволни, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека се реконструира и Св. Еразмо во Охрид, изграден е ПЕТ центарот, Детската болница во Козле, Гинеколошката клиника, како и други здравствени установи.
– Таму може да ја лоцира и опремата која во вредност од повеќе од 115 милиони евра е досега инсталирана и функционира, исто како што ќе биде и новата најавена во циклусот од 33 милиони евра кои ќе се вложат за таа намена, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.-Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети томографи во Штип, Велес и Битола, томографи ќе има – и има, работат и им служат на здравјето н

Пронајдете не на следниве мрежи: