ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се срамат од споредбите со изграденото во нивно време

СДСМ упорно повторува едни исти манипулации, без никакви докази и без никакви споредби. Образложението за ваквата безидејност лежи во фактот што во време на владите на СДСМ не е вложен ниту денар во инфраструктурата. Државата и тогаш имаше буџет, но парите на граѓаните се крадеа и инвестираа во приватните сметки на партиските функционери. Затоа СДСМ бегаат и се срамат од каква било споредба на тоа што е изградено во нивно време и инвестициите кои се во тек во моментов.Во продолжение следува интегрален текест од реакцијата на Благој Бочварски, од ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ додека беа на власт да не вложија ниту денар во обнова на патната инфраструктура додека во регионот се случуваше инвестициски бум. Наеместо тоа, како резултат на криминалните зделки, оставија целосно уништена патна мрежа од која граѓаните најмногу трпеа.
Доказ за тоа е незавршениот автопат кон Прилеп за кој Владата на СДСМ ги задолжи граѓаните, но автопатот никогаш не се направи бидејќи парите легнаа во партиски џебови. Истото се случи и со пругата кон Република Бугарија и ред други проекти.
Заради криминалните политики на СДСМ, патната инфраструктура во Република Македонија беше на најлошо ниво. Владата предоведена од ВМРО ДПМНЕ влезе во еден историски циклус во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Република Македонија, инвестирајќи преку  1 милијарда евра.
Никој во поновата историјата досега не памети како истовремено се градат 3 нови автопати, 5 нови експресни патишта, како се реконструираат над 200 километри регионални патишта, како се изградија преку 400 локални патишта.
Граѓаните може и сами да се уверат во инвестициите кои се во тек и да потврдат дека СДСМ за 10 години во опозиција не научи ништо ново. Нивниот основен начин на работа останува деструкцијата и безидејноста покриена со манипулации. Еве што се СДСМ одбива да види:
Во тек е изградба на автопат Демир Капија-Смоквица во должина од 28,2 км, инвестиција  210 милиони евра.
Во тек е изградба на автопат Миладиновци – Штип (автопат Гоце Делчев) во должинаод 47 километри, инвестиција 206 милиони евра.
Во тек е изградба на автопат Кичево – Охрид  (автопат Мајка Тереза) во должина од 57 километри, инвестиција вредна 374 милиони евра
Во тек е рехабилитација на автопатска делница Смоквица – Гевгелија со должина 10,15 км инвестиција  4,2 милиони евра.
Во тек е рехабилитација на автопатска делница Куманово – Миладиновци во должина од 23 километри, инвестиција од 6 милиони евра.
За еден месец ќе се отпочне со рехабилитација на автопатска делница Неготино – Демир Капија, во должина од 8 километри инвестиција  4,2 милиони евра.
Изградена е автопатската делница Табановце – Куманово со должина од 7,5 км и инвестиција од 13,3 милиони евра.
Во 2012 извршена е рехабилитација на автопатска делница Катланово-Велес во должина од  27,6 км и инвестиција од 6,6 милиони евра.
Во 2008 година беше пуштена во употреба Обиколницата на Скопје, дел од Коридорот 8 водолжина од 26.8 км и инвестиција од 15 милиони евра.
Реконструирани се сите мостови на Коридор 10 воизнос од 38 милиони евра.
Во 2015 година извршена е рехабилитација на автопатската делница Велес-Катланово во должина од 23,5 км и инвестиција од  6.6 милиони евра.
Во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Велес – Кадрифаково во должина од 25,9 км, инвестиција од 14,6 милиони евра,
Отпочнат е со изградба експресниот пат Градско – Прилеп ( прва фаза во должина 10 км, вредност 31,8 милиони евра ).
Оваа година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Штип до Кочани во должина од 26 километри,  проценета инвестиција од околу  53 милиони евра.
Оваа година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Штип до Радовиш во должината од 38 километри и проценета вредност 64 милиони евра,
Оваа година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка во должина од 26 километри инвестција од 78 милиони евра.
Следната година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Охрид до Пешатни, проценета вредност од 52 милиони евра.
Во тек е реконструкција на 13 регионлани патишта со вкупна должина од околу 180 километри и инвестиција околу 40  милиони евра.
Во наредниот период ќе се започне со реконструкција на уште неколку регионални патни правци или инвестиција преку 70 милиони евра
Завршени се 404 локални патишта со должина од околу 750 км и инвестиција од околу 65 милиони евра.
Ова се само дел од инвестициите што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира во патната инфраструктура во Република Македонија. Транспортната политика во изградба на квалитетна инфраструктура и понатаму ќе остане во фокусот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Доказ за тоа е продолжување на сите инфраструктурани проекти што ги ветивме пред граѓаните како и многу нови што ќе бидат дел од новата изборна програма.
Заради сево ова СДСМ десет години по ред доживува катастрофални порази на изборите, а со оглед на деструктивноста и безидејноста, СДСМ ги очекува уште еден историски дебакл.Во продолжение следува интегрален текест од реакцијата на Благој Бочварски, од ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ додека беа на власт да не вложија ниту денар

Пронајдете не на следниве мрежи: