СДСМ упорно манипулира со неспоредливи податоци и состојби за енергетиката. Од 2008 до денеска, со либерализација на пазарот на електрична енергија значително се сменети условите и односите во енергетскиот сектор, законската регулатива, а со тоа и надлежностите и деловните позиции на чинителите.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ или не знаат или насила се прават некадарни.
Зголемувањето на увозот на електрична енергија не е на штета на граѓаните. Податок со кој манипулира СДСМ се однесува на целиот увоз во Република Македонија од кој најголемите количини ги реализираат големите индустриски потрошувачи и фирмите кои се во целост преминати на либерализираниот пазар за електрична енергија.
Станува збор за билатерални договори меѓу потрошувачите-поголемата индустрија и трговците на електрична енергија чија реализација нема било какво финансиско влијание врз регулираниот пазар на електрична енергија на кој се наоѓаат домаќинствата и малото стопанство. СДСМ се обидува да ги прикрие фактите дека домашното производство во најголемиот период од една календарска година самостојно ги задоволува потребите на домаќинствата и малото стопанство.
Производството е во целост адаптирано врз потребите на тарифните потрошувачи, односно домаќинствата и малите бизниси кои се на регулираниот пазар за електрична енергија. Дополнително, енергетскиот конзум што го создаваат тарифните потрошувачи дополнително е намален со последната етапа од процесот на либерализација во април 2014 година кога повеќе од 220 домашни компании самостојно на слободниот пазар почнаа да набавуваат електрична енергија за сопствени потреби.
Со тоа се зголеми процентот на деловни субјекти што самостојно набавуваат електрична енергија на слободниот пазар. Лагите на СДСМ по обичај пукаат како меур од сапуница. Така е и во овој случај. СДСМ очигледно во очај се обидуваат со лаги, манипулации и извртување на реалноста да ја замајуваат јавноста. Нивните лажни ветувања и сеење магла не поминува кај граѓаните.
Народот нема да им дозволи да им се повтори катастрофата која СДСМ ја предизвика после 15 септември и сите бомбона бизниси кои СДСМ ги правеше на штета на граѓаните во Македонија.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ или не знаат или насила се прават некадарни.
Зголемувањето на ув