ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ многу работи влегуваат во рубриката „Верувале или не“

Катастрофални политичари и најнеодговорни носители на функции се функционерите на СДСМ, кои терајќи дневна политика на безразумно контрирање, максимално неодговорно биле против се', па дури и против субвенционирано чистење на одводните канали.Надвор од сите граници на здравиот разум и логика. Но со СДСМ многу работи влегуваат во рубриката „Верувале или не“.
Сеуште нема одговор од СДСМ зошто со години нивните советници сакале да го спречат финансирањето на чистењето канали со општински пари. Нема одговор од СДСМ зошто не сакале граѓаните да ја добиваат помошта од општината за да се чистат одводните канали.
Нема одговор бидејќи СДСМ, како тогаш така и сега, ниту се интересира за граѓаните, ниту за чистењето на каналите.
СДСМ се интересира само како преку некрофилија да ја злоупотреби трагедијата на фамилиите кои претрпеа ненадоместливи човечки загуби, и да се обиде да приграби некој ситен политички поем, божемски се грижи и е одговорна партија. Ниту се грижи, ниту е одговорна. СДСМ злоупотребува човечки судбини во секоја можна прилика и граѓаните тоа добро го знаат.
Ако се грижеше за одводните канали и заштитата на животот и имотот на граѓаните, СДСМ немаше да биде против чистењето на одводните канали, немаше да бара да не се гласа за таа точка на дневниот ред, ниту пак да прашува „до кога планира општината да им помага на граѓаните во чистењето на одводните канали“. Врв на апсурд и лицемерие.
Но, на сите лаги на СДСМ многу брзо им доаѓа крајот. СДСМ не го негира фактот дека неговите советници во општина Гази Баба биле строго против тоа општината да им помага на граѓаните во чистење на одводните канали.
Циркузите како овој денес се само блед, неуспешен обид за сеење магла и покривање на овој невиден срам за СДСМ. Нема да им пројде. На сите им е јасно што прави СДСМ.
Чистотата на каналите редовно се одржува и советниците на СДСМ тоа многу добро го знаат бидејќи го гласале како заклучок на совет. Наместо да лажат дека СДСМ било кога бил заинтересиран да се чистат одводните канали, СДСМ на јавноста мора да и каже:
Зошто СДСМ со години е против субвенциите за чистење на одводните канали во Гази баба? Како е можно една политичка партија да работи толку против граѓаните? Дали е нормално да не сака СДСМ да им се помогне на граѓаните во чистење на одводните канали?
Зошто СДСМ ни збор не кажува за проектирањето на обиколницата? Зошто СДСМ го ликвидираше Водостопанство во 2005 година, со што предизвика повеќегодишна неможност да се одржуваат и чистат каналите?
Колку километри атмосферска канализација направи нивниот градоначалник во Куманово? Колку километри атмосферска канализација во Струмица по методот „евро за вицето“ направил аболицираниот криминалец Заев? Колку километри атмосферска канализација во Центар направил Жерновски?
СДСМ со срамните медиумски циркузи не може и нема да го покрие срамот од нивното некрофилско постапување и нечовечки обиди да се злоупотребува трагедијата на граѓаните после природната катастрофа во која згаснаа 22 животи.
Нема дефокус од ваквото однесување на СДСМ. Има само казна, и тоа жестока. Датумот е 11-ти декември. Од народната казна бегање за СДСМ нема.Надвор од сите граници на здравиот разум и логика. Но со СДСМ многу работи влегуваат во рубриката „Верувале или не“.

Пронајдете не на следниве мрежи: