ВМРО-ДПМНЕ: Средните училишта во времето на владеењето на СДСМ беа целосно запоставени, без никаква реализирана инвестиција

Во продолжение пренос од прес-конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:Образованието  е еден од најважните приоритети во работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од 2006 година, па се’ до денес, сведоци сме на  континуирано зголемување на инвестициите и проектите кои продонесоа за подобрување на квалитетот на македонскиот образовен процес. Бесплатно образование и бесплатни учебници, изградба на нови училишта и спортски сали, реконструкција на веќе постоечките училишни објекти, повисоки плати за наставниците се само дел од успешно реализираните проекти од областа на образованието.
 Средните училишта во времето на владеењето на СДСМ беа целосно запоставени, без никаква реализирана инвестиција. Родителите многу добро се сеќаваат на тоа време кога нивните деца учеа во незатоплени училници, со стари и искршени клупи и столчиња, и кога часовите по физичко се реализираа во импровизирани училници наместо во спортски сали. Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ квалитетот во образованието се подигна на едно повисоко ниво.
 Во СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу” е реализирана досега најголемата инвестиција од неговото постоење. Извршена е замена на старите прозорци со нови ПВЦ прозорци и термопан стакло. Покрај замената на покривот и поставувањето на нова громобранска инсталација, поставена е термоизолациона фасада со што целосно се промени ликот на ова средно училиште. За реализација на оваа огромна инвестиција, беа издвоени 137.000 евра обезбедени со помош на Општина Прилеп како партнер во проектот „Тематската мрежа на одржлива енергија на прекуграничните локални власти ,,ЕНЕРЏИНЕТ”. Воедно потсетуваме дека во ова училиште во рамките на проектот од Владата за 145 спортски сали, изградена е нова спортска сала, инвестиција вредна 24 милиони денари. Претходно, покрај хортикултурно уредување на парковите во склоп на училиштето, извршена е и набавка на котлара и котел, за кои беа издвоени преку 700.000 денари.
 Во СОУ „Ѓорче Петров” со средства во висина 1.770.770,000 денари, обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа изградени и целосно опремени се кабинетите за практична настава. Над 2.5 милиони денари обезбедени исто така од буџетот на Локалната самоуправа беа инвестирани во партерно уредување на училишниот двор, изградба на атмосферска канализација и нов влез во училишната зграда од Југозападната страна. Ве потсетуваме дека и ова средно училиште доби нова спортска сала сала во склоп со проектот за 145 нови спортски сали.
 Инвестиравме и во другите средни училишта во Прилеп. Инвестиравме за целосно опремување на кабинети во СОУ „Орде Чопела”, реконструкција на постоечката котлара, промена на надворешната дограма и уште една нова спортска сала во СОУ „Ристе Ристески Ричко”. Во гимназијата „Мирче Ацев” извршено е опремување на училниците со нов школски инвентар, клупи и столчиња, направена е промена на  дограмата, реконструирани се санитарните јазли,  водоводната и канализационата мрежа и извршено е целосно реновирање на спортската сала. Особено значајна е изградбата на мултифункционалното игралиште со средства обезбедени од Агенцијата за млади и спорт како и пуштањето во употреба на новата фитнес сала за која покрај донациите, гимназијата издвои и сопствени средства.
 Почитувани, средношколците од Општина Прилеп, конечно учат во услови какви што заслужуваат. Ова беа само мал дел од сите инвестиции кои благодарение на довербата која ни ја дадоа граѓаните, ги реализиравме во изминатите години. Транспарентното и посветено работење е одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа изборите на 11 декември, ќе бидат избори за нови инвестиции во сите области, вклучително и образованието како еден од темелите за прогресивен развој на нашата држава, на нашиот град!
Образованието  е еден од најважните приоритети во работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од 2006 година, па се’ до денес, сведо

Пронајдете не на следниве мрежи: