ВМРO- ДПМНЕ: Владата да обезбеди поддршка од 10.000 денари за декар лубеници

Владата да донесе одлука за дополнителна финансиска поддршка од 10.000 денари за декар лубеници што ќе се однесува на сите производители на лубеници во државата и тие годинава да бидат ослободени од закупнина на државно земјоделско земјиште и од надоместокот за наводнување, бара ВМРО-ДПМНЕ.Како што рече денеска на прес-конференција Ванчо Костадиновски, одлуката за дополнителна финансиска поддршка треба да биде донесена веднаш и според површина, а не според предадени лубеници зашто откуп или количини за откупување нема, но и веднаш да почне исплатата на средствата.
– Сметаме дека само со овие мерки ќе бидат покриени загубите на производителите на лубеници и само така овие земјоделци и следната година ќе продолжат со производство, истакна Костадиновски, обвинувајќи ги Владата и Министерството за земјоделство за крајно, како што нагласи, несериозниот и понижувачки однос кон производителите.
Според него, лицемерниот и понижувачки однос на СДСМ продолжува, а врв на безобразлукот бил вчерашниот ден.
– Вчера на земјоделците кои протестираа пред Министерството, им било пренесено дека МЗШВ ќе помогне за откупот со испраќање дури два камиона во ситуација кога веќе речиси и нема што да се откупува бидејќи  лубениците скапаа по нивите или се откупија за само два денара. Загрижувачко е ова однесување на министерот за земјоделство, загрижувачки е потценувачкиот однос на Владата кон земјоделците, посочи Костадиновски.
Во ситуација, додаде, кога откупот на лубениците е десеткратно намален за разлика од лани, кога лубениците скапуваат по нивите оти нема кој да ги откупи, Владата одлучува да даде поддршка по килограм. – Вториот понижувачки момент е тоа што на Николовски и Владата воопшто не им е грижа што и тие мали откупени количини на лубеници се откупуваат за понижувачка цена од два денара која споредбено со лани кога откупот беше по 7 и 8 денари е четири пати помала, укажа Костадиновски.
Земјоделците што лани заработиле 4.000 евра, година, потенцира, ќе заработат само 1.000 или четири пати помалку.Како што рече денеска на прес-конференција Ванчо Костадиновски, одлуката за дополнителна финансиска поддршка треба да биде донесена веднаш и според

Пронајдете не на следниве мрежи: