ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ полесно е да се рушат државните институции, отколку да се признае сопствената некадарност

СДСМ продолжува со срамното однесување, притисокот и заканите врз Уставниот суд, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ со вчерашната пресконференција потврдија дека стојат директно зад т.н. невладини демонстранти пред Уставниот суд кои најавија дека се спремни „да јадат живи луѓе“ ако добијат таква наредба од Заев и СДСМ.
СДСМ и Заев потврдија дека преку своите невладини експоненти директно на уставните судии им покажаа среден прст и им се заканија дека ќе ги креваат на клоци и ќе ги влечат за уши ако не одлучат по наредбите од СДСМ. Срамно и скандалозно.
Увертира на оваа потврда на СДСМ дека стои зад сите т.н. граѓански закани до Уставниот суд дадоа сите членови на највисокото раководство на СДСМ, предводени од технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој директно се вмеша во работењето на Уставниот суд.
Ова е начинот на кој СДСМ ја разбира демократијата и владењето на правото – со закани, притисоци и црни деструктивни сценарија кон институциите на системот.
СДСМ сонува за времето кога во само еден ден избраа 617 судии и уште стотина обвинители. СДСМ  сака потполна контрола врз судсвото и потчинетост на судиите на нивните партиски шефови. „Од чистачка до министер“, така СДСМ сака да владее со земјата, како што најави лидерот на СДСМ Зоран Заев.
За партизација во судството СДСМ треба да го праша Виктор Габер односно неговата сестра и Уставен судија Наташа Габер Дамјановска.
За партиските врски на СДСМ со судството може да зборува и десната рака на Катица Јанева, обвинителот Гаврил Бубевски кој е кумашин на Филип Медарски, адвокат на Зоран Заев.
Мајката на Филип, Елица Медарска е обвинител во Вишо Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2.
СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и тврдеше дека истите се неуставни.
Во 2009 година организацијата која нема сопствен став „СДСМ 2009“ беше категорично ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес организацијата која нема сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.
Од овој однос на СДСМ кон највисоката државна институција се срамат сите граѓани во Република Македонија. Тоа е односот на СДСМ кон сите институции.
СДСМ најгрубо врши притисок врз Уставниот суд бидејќи лидерството на партијата нема капацитет за да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност. Затоа СДСМ го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
За СДСМ полесно е да се рушат државните институции, отколку да се признае сопствената некадарност и безидејност за фер политичка битка, која ја прикриваат  со деструкција и насилие  врз секој што не размислува по теркот на Бихаќка.
Казната на СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат, а пресудата ќе биде правосилна и извршна.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
Аболицираниот криминалец Зоран За

Пронајдете не на следниве мрежи: